Ана Салтирова Давидовски на „На Каде Одиме?“ - Ментори треба да учат вработени да решаваат проблеми

Во новата епизода на поткастот „На Каде Одиме“, зборуваме со Ана Салтирова Давидовски – основачка на Личен Избор, авторка, NLP тренер и коуч, тренер за личен раст и искусна HR професионалка со повеќегодишно искуство во работење со луѓе и организации.

Разговорот го посветивме на теми што сè почесто добиваат значење и во професионалниот свет – личниот развој, NLP методологијата и работата на себе како дел од успехот на еден тим или компанија. Ана ни раскажа како изгледа процесот на воведување на вакви алатки во компании, каков е интересот, каде има отвореност, а каде уште постои скепса.

Преку искуства од своите проекти, Ана даде перспектива за тоа како се гради свесност, какви прашања најчесто си поставуваат луѓето кога започнуваат со личен развој, и како компаниите реагираат кога ќе почнат да се отвораат вакви разговори – од поефективна комуникација, до поддршка во лидерството и мотивацијата.

Во епизодата ќе слушнете и конкретни совети за оние што сакаат да направат промени – било да се индивидуалци кои сакаат да работат на себе, или компании кои сакаат да внесат нова енергија во своите тимови.

🎧 Епизодата е достапна на YouTube и Spotify каналите на KARIERA.mk.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

(Фото) Патниците во оваа скопска населба наоѓале мир и си ја враќале силата

Приказната за општината Kисела Вода е дека кон крајот на 18 век, на источната страна на денешната општина Kисела Вода, се откриени извори на минерална, кисела вода, кои бликале под карпата на поранешен каменолом.

Патниците таму наоѓале мир и си ја враќале силата за патот што ги очекувал, па полека почнало да се раскажува дека водата е лековита и има исцелителска моќ. Подоцна населението изворот го регулирал со три чешми. До него се изградени црквите „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Никита“, а општината почнала да се вика Kисела Вода.

Кисела Вода е  општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

Популарно