Младите од Кочани се организираат да ги поддржат семејствата на загинатите во трагедијата

На први и втори август се организира дводневен хуманитарен музички настан (Расплет фестивал), организиран од млади луѓе меѓу кои и бендот Корка од Кочани.

Главна цел на настанот е да подигнеме свест дека донациите не треба да се намалат и дека се потребни исто како уште првите денови на формирањето на Support Kocani.

Донациите стивнуваат. Ние сме овде да ве потсетеме дека донациите не смеат да запрат, бидејќи им се најпотребни на повредените кои чекаат за нив, од кои некои директно се вклучени во фестивалот за нивна повторна социјализација.

Причината за дводневното времетраење е за да може да се привлече поголемо внимание кон Кочани и сите засегнати од трагедијата и да се собере што можно поголем број на донации.

Вториот дел од настанот (сабота 02/08/2025) ќе започне покасно, да се остави простор на мировниот марш, кои ние со сè срце го подржуваме, учествуваме и повикуваме луѓе да земаат учество и надвор од Кочани.

Само ние, младите, можеме да си помогнеме едни на други.

Целиот настан е посветен нa Сара Јорданова (наша драга пријателка и соученичка која го загуби својот живот во пожарот), но и кон сите други засегнати.

Се гледаме на први и втори август на Споменикот на слободата во Кочани!

На сцената ќе настапат артисти како Хајка, Taxi Consillium, Корка, Алембик, Јаблан, Don Playa, Луфтанза, Соба Глувих, Големата Вода, Mallard и DJ Gianni.

Линкови:

https://www.instagram.com/raspletfest/

https://www.facebook.com/profile.php?id=61578584241168

Коментари

Популарно