Поранешниот градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општината добија кривични пријави за „несовесно работење во службата“, информира МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе пријава против Б.С. (61), Ј.Д. (53) и Д.А. (44), сите од Пробиштип, поради сомнение дека во 2023 година постапувале спротивно на закон при издавање одобрение за градење.
Според МВР, двајцата службеници од Одделението за урбанизам не го одбиле барањето за градба, иако постоело негативно мислење од Електродистрибуција дека објектот – ресторан – не може да се приклучи на електродистрибутивната мрежа, бидејќи се наоѓал во близина на електроенергетски објект.
Поранешниот градоначалник го потпишал одобрението, со што овозможил изградба на угостителски објект на парцели кои не биле наменети за таква градба.