Кривични пријави за поранешниот градоначалник на Пробиштип и двајца општински службеници

Поранешниот градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општината добија кривични пријави за „несовесно работење во службата“, информира МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе пријава против Б.С. (61), Ј.Д. (53) и Д.А. (44), сите од Пробиштип, поради сомнение дека во 2023 година постапувале спротивно на закон при издавање одобрение за градење.

Според МВР, двајцата службеници од Одделението за урбанизам не го одбиле барањето за градба, иако постоело негативно мислење од Електродистрибуција дека објектот – ресторан – не може да се приклучи на електродистрибутивната мрежа, бидејќи се наоѓал во близина на електроенергетски објект.

Поранешниот градоначалник го потпишал одобрението, со што овозможил изградба на угостителски објект на парцели кои не биле наменети за таква градба.

Миле Кузмановски слави роденден со јубилеен концерт во МОБ

Еден од најпрепознатливите македонски фолк вокали, Миле Кузмановски, денес го слави својот роденден. Роден е на 24 декември 1971 година во Скопје и зад себе има богата и успешна музичка кариера.

Кузмановски има настапувано на речиси сите значајни фестивали во Македонија, како и на бројни концерти ширум светот. Публиката најмногу го препознава по баладите „Не кани ме“ и „Крал без круна“.

Досега има издадено пет албуми со авторска музика и одржано голем број солистички концерти. Вечерва, во Македонската опера и балет со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи јубилејниот концерт „35 години Миле Кузмановски“.

Не кани ме

ЈОРДАН МИТЕВ ИСПИША 20 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКА ИСТОРИЈА СО ПЕСНА ЗА СВОЈОТ СИН

Познатиот македонскиот музичар, автор и изведувач Јордан Митев неуморно работи веќе цели 20 години на својата професионална кариера. Благодарение на својот ангажман, но и неговата верна публика две децении изведува своја авторска музика и реди безвременски хитови, кои се составен дел од македонското музичко наследство. Зад себе остава година, во која неуморно секојдневно работеше дома, но и во светот за сите наши вистински љубители на македонската песна. Година во која заокружува 20 години кариера, кариера во која се бројат албуми, хитови, настапи, емоции... И токму така емотивно во за него една од најуспешните години и на професионален, но и на приватен план, публиката ја изненадува со нова песна посветена не неговиот штотуку роден син...

- 20 години се многу, а сепак малку. Годината сепак има само 365 дена – низ смеа вели Митев. Ми фалат денови за уште некој отпеана песна, за уште бар еден одржан концерт, секој ден ми е музика. Благодарен сум на Бога што овие дваесет години си ја имам својата публика. За таа публика вреди да се создава, компонира, пее, живее... па кога функционирате со публиката како едно, тогаш и дваесет години ви проаѓаат брзо. Публиката и семејството се двигателите и за наредните 20 и тие по нив. Среќен човек сум јас, штом ги имам и едното и другото. Со доаѓањето на свет на мојот син Кристијан го добив највредниот подарок за 20 години од мојата кариера. И токму оваа песна Сине, Сине Мој доаѓа во вистинско време како еден печат на веќе од мене потпишана музичка историја

 Песната веќе има илјадници прегледи на YouTube иако е поставена само неколку денови, што гои потврдува фактот дека публиката на Јордан е жедна за уште една негова музичка мајсторија. Иако е голем и значаен јубилеј за славење – 20 години успешна музичка кариера, Митев нема време за славење. Напротив има ангажмани на кои секогаш максимално им е професионално посветен...

- За Новогодишните празници сум во Швајцарија ме очекуваат прекрасни празници со нашите македонци, за Бадник и Божик сакам да бидам дома со семејството, а потоа повторно сум со нови веќе закажани концертни настапи, па одам за Канада.

На јубилеј 20 години кариера работам како да ми е прв ден, ама мора да се испочитува публиката и да се стаса секаде. Тоа ме исполнува и ме прави среќен, ќе има време за славење – вели Митев

       Неговата нова песна Сине, сине мој можете да ја слушнете на следниот линк на YouTube:

 и да наздравите за претстојните празници со стил. Јордан ветува уште многу години дружење со убава македонска песна, нови албуми и хитови и се разбира неговата препознатлив весел дух....

Популарно