Сефот на ТИТО отворен после 31 година !!!

Во текот на изминатата недела отворен е таканаречениот Титов сеф во народната банка на Србија,после 31 година.

Што има внатре погледнете на списокот:

а) златни плочки и златo во прав во вкупна тежина од 29,36 кг

б) златници (големи и мали) вкупно 2663 парчиња

в) предмети од злато, брилијанти и дијаманти кои припаѓале на српското кралско семејство Караѓорѓевиќ, вкупно 149 парчиња

г) предмети од злато и други благородни метали кои после втората светска војна биле земени од трезорот на Народната Банка на Југославија, запленети или набавени од државни средства, вкупно 251 парче

д) нумизматички пари од поголема вредност, вкупно 1271 парче

ѓ) ордени кои припаѓале  на семејството Караѓорѓевиќ, 13 парчиња

е) садови од сребро и позлатено сребро , вкупно 18 комплети

ж) останати предмети со помала вредност (копчиња за манжетна, кутии за цигари, медаљони, привезоци, значки и др.) вкупно 83 парчиња

з) девизи во готово: 26 219 американски долари , 36 000 германски марки и 2200 дански круни

Ќе биде интересно да се види што од сето ова ќе им припадне на наследните на Тито, кои беа иницијатори за започнување на оваа постапка.

Коментари

Популарно