Кочани: Едно лице загина, а осум деца се повредени во сообраќајна несреќа

Повредените деца од кочанското село Оризари се враќале од излет

Според Зоран Зафиров, портпарол на СВР-Штип, до несреќата дошло откако трактор со приколка во која се превезувале 16 лица, повеќето малолетници кои биле на излет, се превртел во близина на местото Илин дол на патот меѓу кочанските села Пресека и Оризари.

Несреќата се случила околу 19 часот и 30 минути. Возачот на тркаторот загинал на самото место, а осум малолетни лица се тешко повредени и се транспортираат кон Клиничкиот центар во Скопје.

Во тек е истрагата на местото на настанот. Според првичните информации, децата кои се превезувале во приколката на тракторот се од кочанското село Грдовци.

Општата болница во Кочани и Итнатата медицинска помош на кочанскиот Здравствени дом ги користат сите возила за транспорт на поврдените патници од местото на несреќата до болницата и до Клиничкиот центар во Скопје.

Коментари

Популарно