ФОТО: Багер преврте Цитроен во Скопје !

Утринава околу 8 часот во Скопје, паркиран багер удрил во автомобил „Цитроен“, објавува Курир. Според информациите до кои стигнал порталот, несреќата се случила на улицата „Народен Фронт“, кога, од засега непознати причини, паркиран багер се придвижил и се забил во паркираниот автомобил во кој немало никој.

Од полицијата за Курир ја потврдиле оваа информација. За среќа во багерот и автомобилот немало никој, па во несреќата немало повредени. Екипите на МВР се на местото на настанот и во моментов се врши увид.

ФОТО:Димитар Тануров

Коментари

Популарно