Општина Кисела Вода го именува војводата на коњ, за кој во јавноста се шпекулираше дека е Тодор Александров.
Овие фотографии, кои што ни ги исрати читател, покажуваат дека сепак станува збор на Лидерот на ВМРО до 1924.



Тодор Александров е дел од македонската историја, иако дел од историчарите се уште имаат различни толкување за неговата улога.
За историјате веројатно треба отворено да се зборува и да се дефинираат сите аспекти.
Еве некои податоци за Александров.
Тодор Александров Поп-Opушов (Ново Село,4 март 1881–Сугарево31 август1924) бил еден од водачите на ВМРО . Завршил Педагошко училиште во Скопје (1898), кога и се приклучил во ТМОРО . Бил учител и раководител на месните комитети воКочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров (1905) и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев - Кочански (1907), окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ (1907), член на ЦК на ВМОРО (1911), член во Штабот на III македонска бригада во Балканските Војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI МАКЕДОНСКА ДИВИЗИЈА во Првата светска војна.
По војната, заедно со Протогеров и Петар Чаулев , ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија.
Дејствувал против политиката на Земјоделската влада на Стамболиски за зближување со Кралството СХС . Го потпишал Мајскиот манифест за обединување на македонските револуционерни сили во единствен македонски револуционерен фронт (1924), но пред убиството јавно се откажал од својот потпис.