ФОТО: Секој петти куфер се губи, штетата изнесува 3,2 милијарди долари !!!

Во светот во авио-сообраќајот секојдневно се губи трагата на секој петти куфер (вкупно 70 000), што авио превозниците во 2012 година ги чинело околу 3 милијарди франци (3.2 мијарди долари)

Според швајцарскиот весник 24 часа, во минатата година авио-компаниите, кои се одговорни за вакви непријатности, морале да исплатат оштета на патниците во просек од 120$ по изгубен куфер, а во 2012 биле изгубени дури 26 милиони.

Во 75% од случаите куферите не се трајно изгубени, туку каснат 36 часа во просек, објаснува портпаролот на Здружението Викторија Вајн, тој вели дека благодарејќи на новата технологија и баркодот, транспортерот знае точно каде куферот се наоѓа.

Истиот извор кажува дека во 2007 година вкупниот број на патници во авио транспортот бил 2.48 милијарди, а бројот на изгубени куфери 46,9 милиони.

Пет години подоцна, бројот на загубен багаж изнесува 26 милиони, додека бројот на патници е зголемен на 2,95 милијарди.

Коментари

Популарно