Најслаба игра и болен пораз од Босна

Dimitrios Mavroeidis , Pero Antic ,Todor Gechevski,Македонија 54-62 Босна и Херцеговина

По најдобрата партија на Евро2013 во Словенија, против Србија, неверојатен пад на нашите кошаркари. Најлсабата партија на ова првенство. Очајна игра и болен пораз. Се изгубија близнатците Стојановски, потфрлија Самарџиски и Гечевски, слаба партија и на Илиевски. Единствено Антиќ и Мекејлеб изиграа нешто. Меѓутоа, со само двајца играчи не е победува Босна. Шутот за 3 беше очаен, всушност не само за 3 и за два биевме многу лошо.

Сега ни останува да чекаме Србија да ја добие Летонија, Литванија Босна. Секако и ние ќе мора да ја совладаме Летонија, која има +11 од дуелот со Босна. Математиката вели дека утре мораме да победиме со +10. Не е тоа воопшто лесна задача, иако Летонија беше аутсајдерот пред почетокот на првенствово. Сепак не е се завршено, шанси сеуште постојат, а се додека ги има, нема предавање.

Коментари

Популарно