ФОТО: Во центарот на Скопје се појави новата античка колонада!

Се појави основата на новата античка колонада со име “Независна Македонија” која е дел од проектот “Скопје 2014″ и ќе се гради на левиот брег од реката Вардар. Станува збор за изградба на амфитеатар со античка колонада.

20130927_133947-picsay

20130927_133954-picsay

Амфитеатарот ќе го гради скопската фирма ДГ-Бетон, а вредноста на договорот е приближно 880 илјади евра. Објектот кој ќе биде висок 8 метри, а се наоѓа помеѓу Агенцијата за електронски комуникации и Финансиската полиција.

20130927_133944-picsay

Како дел од градбата ќе се постават девет скулптури музи и два лава за кои општината исто така го објави договорот.

20130922_150834-picsay

Лиењето во бронза на деветте скулптури и на лавовите ќе го изврши РЖ-Институт. Вредноста на договорот за лиење на овие скулптури е 412 илјади евра. Автори на скулптурите на деветте музи се Жарко Башевски, Беди Ибрахим, Богоја Ангелкоски, а автор на скулптурата лав е Мирослав Славковиќ.

Испратено од Трајче

Коментари

Популарно