САД ја пуштаат во промет новата банкнота од 100 долари

Со цел да се спречи фалсификување, и низа специјални заштити, САД денес во оптек ќе ја пушти новата банкнота од 100 долари на која се работеше повеќе од една деценија.

8262golema

Американската централна банка, која не е погодена со блокадата на државните служби, денеска до своите испостави ширум државата ќе испрати блиндирани камиони со новата банкнота.

Веќе од утре, некои од клиентите на комерцијалните банки ќе можат да ги видат новите пари.

„Имаме 3,5 милијарди од овие банкноти, за кои сметаме дека ќе бидат повеќе од доволно да ги задоволат домашните и меѓународните обврски“, изјави Соња Данбург, претставник на Американската централна банка.

Редизајнираната банкнота од 100 долари, е прва нова банкнота на 100 долари од деноминацијата од март 1966 година.

На предната страна е ликот на Бенџамин Френклин, а на задната страна е салата на независноста во Филаделфија. Новата банкнота ќе содржи и низа нови детали.

Коментари

Популарно