Самсунг му исплати 1 милијарда долари на Apple во 30 камиони монети од 5 центи

Утрово повеќе од 30 камиони натоварени со апоени од 5 центи пристигнале пред канцелариите на Apple во Калифорнија. Обезбедувањето на фирмата се обидело да ги убеди да си заминат, но неколку миниту подоцна директорот на Apple Тим Кук добил телефонски повик од Самсунг преку кој му било објаснето дека Јужно Корејската фирма решила на овој начин да го исплати долгот по судскиот спор кон Apple.

CRNnLvG

Интересниот дел од оваа приказна е дека во потпишаниот документ на суд, не е специфизирано на кој начин Самсунг треба да го исплати долгот од 1 милијарда долари.

Лее Кун Хе од Самсунг по ова изјави: Можете да ги употребите монетите за машини за освежителни пијалоци или да го стопите бакарот и да правите компјутери, тоа не е наш проблем. ние го плативме нашиот долг.

Се чека одговорот на Apple на овој низок удар

Коментари

Популарно