Швајцарски агенции нудат работа на речни бродови, платите стигнуваат и до 2000 евра

Повеќе компании, главно од Швајцарија нудат работа на речните бродови. Заработките овде се движат од 1000 до 1900 евра, но и повеќе ако се вклучи бакшишот, зависно од работната позиција, пишува Фактор.мк.

brodovi-na-rekama2

Сезоната стартува од март и трае до ноември или дури и до Јануари. За аплицирање за работа на речен брод преку српската агенција Ферон, покрај познавање на англиски, мошне се цени и е пожелно познавањето на германски јазик. Информациите може да се најдат на нивниот веб сајт ТУКА, а за работните позиции може да проверите ТУКА.

Со едноставно пребрување на интернет може да се најдат повеќе агенции кои нудат работа на речните бродови. Станува збор главно за швајцарски агенции, кои не ретко имаат свои претставници и во балканските држави. Една од поголемите е Scylla со седиште во Базел. Нејзиниот веб сајт е www.scylla.ch. Вакви бродови би можеле да се најдат исто така на швајцарскиот сајт www.gsellundpartner.ch, но и на интернационалниот www.riveradvice.com.

Во продолжение потсетување, еве колку се движи заработувачката на овие крузери, без бакшиш:

Собарка: 1,150 – 1,300 евра

Келнер: 1,150 – 1,300 евра

Готвач: 1,200 – 1,600 евра

Гардероба: 1,150 евра

Шеф на кујна: 1,600 – 1,900 евра

Хигеничари: 1,100 евра

Рецепционери: 900 – 1,200 евра

Фотограф: 1,150 – 1,400 евра

Во Македонија, засега работа агенциите нудат пред се на прекуокеанските крузери.

Повеќе на Фактор.мк.

Коментари

Популарно