Нешто поврзано со преварите во маркетите...
Секојдневно ни нудат производи со подарок за кој велат дека е гратис, а цената на производот со подарок е поголема од цената на истиот производ без подарок...
Така на пример, во Тинекс ги продаваат батериите Варта АА (4 парчиња) за 162 денари, а истите со 2 батерии ГРАТИС(4+2 ГРАТИС) ги продаваат за 205 денари...

Истиот случај го приметив и во Mr. Bricolage, каде што 4 батерии Варта ААА ги родаваат за 169 денари, а истите со 4 ГРАТИС (4 батерии Варта ААА + 4 батерии ГРАТИС) ги продаваат за 259 денари...

Испратено од Дејан