Ротвајлер нападнал мајка со бебе во Неготино

Вчера пред хотел во Неготино куче од расата „ротвајлер“ нападнало мајка која се шетала со своето бебе. Како што појасни денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес вчера во 14 часот на паркинг пред хотел во Неготино констатиран е прекршок „држење животни-куче без заштитна маска“ предвиден во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

images (1)

- Четириесет и седум годишна жена од Неготино додека го водела своето куче од расата „ротвајлер“ без заштитна маска, кучето нападнало жена која во моментот се шетала со своето бебе, при што се здобила со видливи повреди, вели Стојковска.

Таа нагласи дека е изготвен Записник за констатиран прекршок и ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коментари

Популарно