ОВЕН
Имате многу опции а тие се дека се можни нови почетоци во некаква заработка. Мислам дека подразбирате оти ова не е дневна прогноза, напротив таа се однесува на неколку месеци нанапред, па од денес натаму можни се очекувања на таа страна. Значи, нови почетоци на некоја приватна работа најпрвин, заработување, инвестиции во недвижнини, секако и продавање на недвижнини или започнување некаков бизнис на оваа тема. Од друга страна можни се и некакви финализирања или завршетоци на слична тема, но и на приватен, сентиментален план.
БИК
Многу комуникации на сите полиња од интерес, но и некакви нови позиции во однос на комуникацијата со најблиските, во прв ред мислам на родителите, но и на брат, сестра ако ги имате, секако и на сите личности на кои сте им дале за право да се чувствуваат блиски со вас. Како ќе се однесуваат работите зависи од вашите лични хороскопи и аспектите во нив. Некои односи ќе завршат, некои ќе се продлабочат. Но најмногу од се внимавајте на своето учество во сообраќајот и вашата внимателност и тоа не само деновиве, туку во следните неколку месеци.
БЛИЗНАЦИ
Венера во знакот на Рак кој денес се случува ќе ви овозможи правилно да процените некоја случка, настан или однос како би ги искористиле своите потенцијали. Ова не е само дневна интенција, туку ќе се однесува на еден доста долг период, повеќе од еден месец ако не и повеќе. Најчеста појава е да си овозможите нешто убаво за себеси, но и на другите, дали со купување на некоја работа од вредност или слична активност. Ова секако ќе значи и изразување на своите чувства кон некого или наклонетости. На каков начин, зависи од вашиот личен хороскоп.
РАК
Се врзувате за настани и луѓе кон кои имате многу емоции и убави спомени. За разлика од другите, и секако во согласност со вашите лични хороскопи можеби ќе биде и отповеќе смели во некакви остварувања на своите зацртани цели, можеби велам и отповеќе храбри онаму каде би застанале и најхрабрите. Ви требаат пријатели и познати и со нивна помош, но ако имате тешки аспекти во личните хороскопи, морате да внимавате да не ги искористувате пријателите за лични цели и тоа да ви е единствено нешто зошто ви се пријателите или пак тие да ве искористуваат вас.
ЛАВ
Поголемиот дел од вашата професионална активност и ангажмани бараат да бидете тивки, нечујни би рекол, работите да ги завршувате во тајност и конспирација, без многу бука и галама, посебно за вашите постигнувања или манифестации на вашата способност на кои сте наклонети. Мислам на тоа ако не се пофалите дека имате намера тоа и тоа да го направите некако како и да немате задоволство од направеното. За да избиете на површина потребно е да прифатите извесен престој во сенка, во советодавна функција на други кои се истопорени напред.
ДЕВИЦА
Внимавајте на еден догледен период од можеби неколку месеци и на вашите тенденции да ве привлекуваат личности кои имаат сосем опортуни мислења и ставови со вашите. Тоа ќе биде само знак дека Венера во вашиот хороскоп има прилично тешки аспекти. Во спротивно, ако тоа не е така, ќе бидете олицетворение на дипломатија, можеби ќе бидете во некаква деликатна улога која ќе ја остварите со голем успех и како такви ќе создадете кредит за понатамошни напредувања. Значајна е и вашата проценка и лични вредносни системи. Употребете ги во рационална проценка на нештата.
ВАГА
Во следниот период ќе имате прилики за успешност во остварувањето на своите професии, занимања или едноставно работа, но и на сите места и позиции кои се од огромен интерес за вас. Нијанса подобри можности имаат сите оние од знаков кои на некој начин имаат јавни професии или се попознати со својата работа во јавноста, а поединци и во пошироката јавност. Сексуалните нагони во пораст, па поради ова можности за многу нови познанства, злоупотреби на сексуалноста, но и забременувања кај женскиот дел од знакот.
СКОРПИЈА
Во еден доста долг период ви се отвораат низа можности како на пример подобрување или продлабочување на односите со роднините на партнерот или пак ако немате партнер, можеби ќе ве привлече некој кој не е од вашата културна средина или опкружување, можеби се од друго културолошко или религиозно-филозофско опкружување, странец, или пак некого да го запознаете во странство. Но ова е само една страна на медалот, ако имате тешки аспекти во личните хороскопи вашиот однос со партнерот може да се влоши поради дијаметрално спротивни ставови и мислења, убедувања на религиозен, културолошки, социјален план.
СТРЕЛЕЦ
Во прилично долг период од неколку месеци ќе може да најдете многу заинтересирани кои ќе сакаат да ви помогнат во какви било ваши настојувања, од оние приватните до професионалните. Но ова се однесува и на вас, мислам во давање на некаква услуга или помош на другите. Ако имате добри аспекти во вашиот хороскоп, услугите ќе ги примате и давате без проблем, но ако немате тогаш ќе бидат проблематични со есап, уцени и слично. Нијанса на поголема успешност ќе имаат оние кои го користат својот сексапил и шарм во работата, без оглед на полот.
ЈАРЕЦ
На прагот сте на еден долготраен период кога се можни или продлабочувања на односите со партнерот или пак големи расправии и кавги со нејасни или несогледливи последици, можни и раскини или разводи, се во зависност од досегашните односи и нормално аналогно на вашите лични хороскопи и аспектите во нив на овој план. Поради ова можете да служите како пример, позитивен или негативен и поради тоа да станете на некој начин познати во својата околина, а за поединци од знаков со јавни професии и бран на нова популарност.
ВОДОЛИЈА
Ви следи еден период на кој морате да уфрлите во петта што се однесува до работата и вложувањата на тој план. Ова подразбира дека се можни и ангажмани околу куќата, живеалиштето, во смисла на некакви доградби, адаптации, проширувања, преуредувања или едноставно генерално бојосување. Можеби ќе бидете во прилика на некој понеуки да им пренесувате искуства или знаења, или пак да негувате некој кој има проблеми, во смисла на здравје или подвижност. На овој план можни се расчитувања со здравствената состојба на некој член од вашето семејство.
РИБИ
Можеби ќе претерувате во начините на кои ќе сакате да бидете во центарот на вниманието или да го привлечете вниманието на оние кои ги сакате, било да се работи за љубовнички односи со личност од спротивниот пол или пак да се работи за деца. Во првиот случај можни се на тој план запознавања со личности кои ве интересираат или ваши навистина и смешни обиди да ве забележи некој, а ова го пишувам без оглед на кој пол му припаѓате. Кон ваквото глупирање понаклонети се машкиот дел од знаков.