Баба Ванѓа: Спасот на Македонија лежи во...

Легендарната претскажувачка Ванѓелија Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа во едно свое претскажување предвидела дека Македонија ќе има финансиски проблеми се додека не почне со работа рудникот ”Алшар”. Ова таа му го кажала на извесен С. Синадиноски кој ја посетил Баба Ванѓа во деведесеттите години од минатиот век, кога бил ангажиран на одредена функција во Владата на Република Македонија.

Baba-Vanga-2

Според негови познаници тој кај Баба Ванѓа бил приватно, но покрај тоа прашал и добил одговор и за Македонија.

Одговорот од познатата претскажувачка бил дека нашата држава ќе биде во криза, се до оној момент додека власта во земјата не го даде рудникот ”Алшар”, кој е единствено наоѓалиште на талиум во светот.

Интересно е што Ванѓа во дел од нејзините предвидувања за милениумот пред нас, претскажала дека планетата Земја покрај познатто Сонце, ќе ја грее вештачко сонце (најверојатно мислела на некој неисцрпен извор на енергија ), а соред научниците токму со талиумот може да се дојде до неисцрпен извор на енергија.

Алшар е рудник на планината Кожуф во кој за првпат е откриен талиумовиот минерал лорандит.

Историјата на Алшар започнува уште од времето на античка Македонија, преку римскиот период и Османското Царство до денес. Историјата на рудникот Алшар е многу интересна, но малку позната и документирана. Станува збор за рудник што има особено голема традиција. Минерали од Алшар се најдени и во археолошките остатоци на Стоби.

Во пишувани документи рудникот рудникот Алшар се споменува во турските тефтери од 1481 година. Во овој документ, кој се однесува на Рожденскиот атар (селото Рожден е во близина на Алшар), се споменува годишниот приход на турскиот султан кој изнесувал 13,380 акчиња, од кои 1,500 акчиња се дел од продажбата на арсенската руда од Алшар. Во текот на 15 и 16 век регионот бил добро развиен како резултат на дејноста во рудникот Алшар.

Следни податоци за работата на рудникот се среќаваат во документи од 1877 година, кога почнала да се формира и рударската населба Мајден. Во тој период Алшар бил даден под концесија на англиско-француска компанија со седиште во Солун, а работите во рудникот ги надгледувал инженерот Шарто. Во почетокот во рудникот биле вработени 500 работници. Денес, во долните делови на селото Мајден се забележуваат траги од старата сепарација на арсенската руда. Вака издробената и сепарирана руда со каравани со коњи и маски се транспортирала во Солун, а оттаму со воз во топилниците во Фрајберг, Германија. Токму од тие вагони биле земени и првите примероци во кои било откриено присуството на минерали на талиум (крај на 19 и почеток на 20 век). За време на балканските и Првата светска војна рудникот престанал со работа.

Геолошки истражувања

По Втората светска војна рудникот бил главно геолошки истражуван, а редовно експлоатирање не било воведено. Истражувањата до 1965 година резултирале со откривање количество руди на антимон, арсен и на талиум. При истражувањето е утврдено постоење на талиум во концентрации од 0,11-0,22%, посебно во северниот дел на наоѓалиштето наречено Црвен Дол.

Во почетокот на 80-тите години на 20 век за минералите од Алшар (особено за минералот лорандит) се заинтересирал и американскиот астрофизичар Мелвин Фридман, од аспект на употреба на талиумските минерали од Алшар како детектори на неутрината по потекло од Сонцето

Рибарот кој хранел јато орли не можел да им поверува на своите очи кога погледнал лево

Ако некогаш сте нахраниле јато гулаби или галеби, сигурно знаете колку се проколнати овие животни и дека се спремни да се пресметаат меѓу себе за парче храна. Покрај тоа, галебите се снимени како постојано им грабнуваат работи од рацете на туристите.

Во видеото кое неодамна беше објавено, еден рибар на сите им покажа дека орлите се однесуваат многу поинаку од другите птици. Додека хранел стадо во пристаништето на Алјаска, забележал како чудно се однесуваат.

Секој од орлите го дочека својот ред и сите подеднакво ја поделија храната меѓу себе. 

Но, тоа не беа единствените птици кои чекаа да јадат. Лево имаше неколку орли кои трпеливо чекаа да дојдат на ред за јадење.

Погледнете го приложеното видео и дознајте повеќе за овие прекрасни птици:

ВИДЕО: Убавата српска пејачка се соблече во живо во емисија кај „Ами Џи“

Милица Павловиќ (31) кај македонската публика стана популарна со улогата во хит серијата „Певачица“, а српската јавност добро ја знае по нејзината музичка кариера.

Пејачката за време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“ се најде пред  предизвик за кој буквално ќе се зборува уште долго. Или поточно пред „топлес предизвик“!

Имено, Павловиќ доби предизвик да го соблече зелениот корсет кој го носеше на себе,  откако загуби во играта која ја играше во шоуто.

Пејачката прво го соблече накитот на себе, а потоа водителката и помогна додека таа го соблекуваше горниот дел од облеката.

По ова, пејачката остана топлес прекриена само со розов пешкир.

„Не сум кукавица, ама…! Не можам да верувам дека ова го правам. Дали сте сигурни дека одзади нема камера? Ништо не се гледа?“ – цело време зборуваше пејачката додека се соблекуваше.

ФОТО: Најубавата скопска бизнисменка во БРУТАЛНО издание на Миконос

Македонија ја знае како Наташа Фигурела, поради истоимениот салон за убавина и специфичниот метод за слабеење за кој веќе две децении таа ја има лиценцата. Скопјанки доаѓаат кај неа да ги разубавува, но често и да се консултираат што таа прави за да изгледа така неодоливо.

Наташа Петровска дефинитивно е една од најубавите и најнегуваните жени кај нас, како одминува времето сите се прашуваат која е тајната на нејзината магнетска привлечност.

Доказ за тоа дека е уникатна во секој поглед се и најновите фотографии со кои ги почести своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. Коментарите се воодушевувачки, нејзиното тело беспрекорно, а аутфитот како и секогаш…секое парче искомбинирано со вкус и по последна мода. Но најважен е начинот на кој се носат овие брендирани модели, а сензуалноста и грациозноста на Наташа е ненадминлива.

Погледнете како таа со другарките се забавува на островот кој важи за втора Ибица – Миконос

Популарно