ГАЛЕРИЈА: Скопје ќе добие „Рајски парк“ со езеро вреден 15 милиони евра!

„Бауер БГ“, „Гранит“, извесна „Фокерт“, „ИСА ЛТД“, а понуди доставиле и два конзорциума - „Алфа инженеринг“ од Радовиш со извесна „Минт инженеринг“ и „Конструктор Рената“ од Радовиш со заедничка понуда со фабриката „Карпош“ од Скопје се фирмите кои се заинтересирани да го градат Рајскиот парк во Ново Лисиче кој е проценето дека ќе чини околу 15 милиони евра.

f7c2be913c6f4446b8e635cdfaecad11

Од ЕЛЕМ посочуваат дека сега следува фаза на евалуација на понудите. Доколку се констатира дека економските оператори ги исполнуваат бараните услови, по завршувањето на евалуацијата до нив ќе бидат испратени покани за учество на негативна аукција. „При конечниот избор, единствен критериум е најниската понудена цена“, објаснуваат надлежните за натамошната процедура.

objektrajskipark

Мајмуни, елени и срни, фазани, вештачко езеро со мостови, бродска куќа со ресторан, остров за изнајмување, водени павилјони, пристаниште за педалини, воденица, се само дел од содржините во т.н. рајски парк кој е предвиден да се гради на површина поголема од 10 хектари во реонот на последната постојка на „5“ и „15“ во Ново Лисиче. Паркот ќе се работи по проект на Жарко Чаушевски, најзастапениот автор во „Скопје 2014“ и планирано е да биде изграден за две години.

objektrajskipark

Изградбата на рајскиот парк беше најавена пред околу 4 години од тогашниот премиер Никола Груевски. Тој истакна дека ќе се гради парк што ќе биде меѓу петте најубави во светот. Обврската за инвестиција и' е доверена на ЕЛЕМ. Општина Аеродром, пак, пред околу две години избра идејно решение за паркот, а минатата недела општинарите и официјално го отворија првиот дел од Рајскиот парк. Огромна зелена површина со детско игралиште, игралиште за кошарка, фудбал, трим-патеки, летниковци, зеленило...

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Филмот што го направи Божиќ потопол: Како „Сам дома“ стана вечна традиција

„Сам дома“ по 35 години: Божиќната класика што одбива да остари

И по цели 35 години од премиерата, култниот филм „Сам дома“ (Home Alone) останува еден од најгледаните и најсаканите божиќни филмови ширум светот. Објавен во 1990 година, филмот одамна ја надмина рамката на обична комедија и стана вистинска празнична традиција.

Во центарот на приказната е незаборавниот Макаулеј Калкин како Кевин Мекалистер, осумгодишно момче кое случајно е оставено само дома додека неговото семејство патува за Париз. Она што започнува како детски сон – без родители, без правила и со неограничена брза храна – брзо се претвора во борба за опстанок.

Двајцата неспособни, но упорни крадци, Хари и Марв, ја избираат куќата на Кевин како лесна цел. Но, тие сериозно го потценуваат момчето кое својот дом го претвора во вистинска замка исполнета со канти за боја, жешки кваките, ледени скали и незаборавната тарантула.

Филмот е во режија на Крис Колумбус, а сценариото е дело на легендарниот Џон Хјуз, комбинација која донесе совршен баланс меѓу слепстик-комедија и емоционална приказна. Под површината на смеата се крие силна порака за семејството, осаменоста и вистинските вредности на Божиќ.

Дури и во Божиќната сезона 2025, „Сам во дома“ и понатаму доминира на празничните ТВ-програми и стриминг платформи. Во време на CGI спектакли и големи холивудски продукции како најавениот „Avatar: Fire and Ash“, овој филм потсетува дека не се потребни експлозии за да се создаде класика – туку срце.

Со својата снежна атмосфера, иконични сцени и незаборавни реплики, „Сам во дома“ останува филм што не само што ја затвора годината – туку ја дефинира.

Тошковски: „Безбеден град“ донесе 20% помалку повредени во сообраќајот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на седницата за пратенички прашања изјави дека досегашните резултати од проектот „Безбеден град“ се многу позитивни, при што за околу 20 проценти е намален бројот на повредени лица во сообраќајни незгоди.

Според Тошковски, намалувањето се забележува и преку податоците од Клиниката за трауматологија, каде што во споредба со претходниот период има значително помал број тешки пациенти кои се задржани на понатамошно лекување.

„Овие резултати се заслуга на македонските граѓани, особено на возачите, кои и покрај тоа што знаат дека во овој период нема казни туку само опомени, ја прилагодија брзината и го подобрија своето однесување во сообраќајот“, рече Тошковски.

Министерот нагласи дека проектот покажал дека државата е подготвена да имплементира европски стандарди со цел зголемување на безбедноста и намалување на бројот на жртви во сообраќајот.

Тој посочи дека сообраќајните незгоди создаваат огромни финансиски трош

Популарно