ФОТО: Мелита се пофали со подарок вреден над 10.000 долари

Untitled

Мелита има обочај да се пофали со скапи подароци на социјалните мрежи. Овој пат на „Инстаграм“ закачи фотографија од часовник од марката „Шопард“ која во светот важи за една од најскапите марки часовници. Нивната цена се движи и до 50.000 долари, во зависност од материјалот од кој се направени. Тој, со кој се пофали Мелита на фотографијата, според каталог на „Амазон“, чини повеќе од 10.000 долари.

Nekoi momenti se nepovtorlivi...Venecija magicna

A photo posted by MELITA RAKICEVIC (@melitameli) on

Покрај фотографијата Мелита ставила збор „подарок“

Во Италија, ресторан наплатил две евра за празна чинија

Во италијански ресторан на гости им наплатиле дополнителни две евра за празна чинија. Имено, извесна Селваџија Лукарели побарала сад повеќе за нејзината ќерка да ги проба тестенините, а на сметката се појавила и таа чинија. Откако посетителката ја објави сметката на својот интернет-простор, и регионалниот гувернер Џовани Тоти јавно го осуди овој потег на ресторанот.

По лавината интернет-коментари, се огласи и Ида Германо, сопственичка на угостителскиот објект „Остерија дел Каволо“ што се наоѓа на брегот на Џеновскиот Залив.

– Трошоците се оправдани бидејќи тоа е повеќе работа за нас… Оти повеќе чинии за нас значат повеќе садови за миење, рече таа.

Инаку, само неколку дена претходно друг турист во Италија објави дека и сечењето сендвич во ресторан на езерото Комо му било наплатено. И тука сопственичката на ресторанот се правдала дека „дополнителните барања имаат своја цена“, пренесува „Ла република“.

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Денеска нема да бидете осамени во напорите, а тоа ќе се покаже со резултатите. Ќе се изненадите кога ќе откриете колку луѓе се заинтересирани да бидете добро и непречено да напредувате. Можеби да се сомневате во нивите себични намери, но не ја минимизирајте нивната поддршка. Ќе има професионален или деловен развој – работа поврзана со вашата финансиска состојба.

БИК

Вашите главни обврски, деловните активности, состаноците и не и најмалку важнети лични обврски, ќе ви го исполнат времето денеска. Службени лица можат да ви направат проблеми, најчесто од административна природа. Почитувајте ги барањата и продолжете натаму. Вашиот мир може да биде нарушен, но во целина денот ќе ви биде плоден.

БЛИЗНАЦИ

Се чувствувате малку загрижени за вашите работни планови, но тоа може да покаже неосновано. На вас останува сериозно да ги сфатите прашањата што ве засегаат и да дадете сѐ од себеси за да успеете.

РАК

Уживате во пријатна атмосфера околу вас денеска. Деловен партнер ќе ве заинтригира со ветувачка понуда. Добро е да се направи детално прелиминарно истражување пред да се преземат порешителни чекори. На личен план сте премногу самоуверени и може да испадне дека тоа воопшто не е во ваш најдобар интерес.

ЛАВ

Денеска добро соработувате со колегите и можете да се надевате на подобри резултати отколку што сте планирале. Нешто што мислевте дека е можно ќе се оствари и сигурно ќе ви ја олесни работата. Луѓето околу вас црпат од вашата енергија и желба да направите сè на најдобар начин. Се зближувате со личност којашто долго време ве привлекува.

ДЕВИЦА

Изразете ја вашата верба и подготвеност, оставајќи ги сомнежите самите на себе. На овој начин ќе ја совладате ситуацијата и ќе освоите на ваша страна исто така способни и финансиски сигурни партнери. Вашиот љубезен однос кон некого ќе го поттикне да се покаже и вашиот гест ќе биде ценет. Здравствените проблеми ќе исчезнат.

ВАГА

Голем дел од вашето време ќе го посветите на настан кој е важен за вас и за вашите најблиски. Во распоредот на дел од вас влегуваат и деловните задачи. Не може да биде поинаку, ќе започнете нов проект или ќе продолжите со веќе започнатата работа. Во овој поглед, ве очекува финансиска добивка.

ШКОРПИЈА

Денеска лесно ќе ги реализирате своите замисли. Ќе шармирате со вашето присуство и ќе наидете на разбирање и емпатија. Нема да имате потешкотии во комуникацијата со деловните партнери. Разумно очекувате подобрување на вашата материјална состојба. Мора да се грижите за вашето здравје, постои опасност од настинки и хронични заболувања.

СТРЕЛЕЦ

Бидете искрени во вашите оцени и мислење. Радувајте се на туѓите успеси, па ќе бидете исполнети со позитивни мисли и емоции. Избегнувајте расправии и, доколку можете, не се преоптарувајте непотребно. Пријатно изненадете ги вашите најблиски, однесете ги на место кое би ги израдувало.

ЈАРЕЦ

Денот нуди повеќе од еден предизвик за Јарците. Вашата мотивација за работа е толку висока што ништо нема да ве спречи во она што сте го наумиле. Можете да сметате на ваш пријател кога ви е потребен совет. Вечерта дејствувајте спонтано, но вистински забавувајте се.

ВОДОЛИЈА

Промената на оние аспекти на карактерот кои се непропорционални со барањата на времето ќе ви осигури подем во животот. Завршете го она што го започнавте и проширете го вашето знаење за прашањата што ги сметате за важни. Водете се од вашите внатрешни чувства и направете го најдоброто за себеси. Можеби ќе пречекате гости, што ќе ве оптовари со дополнителна работа.

РИБИ

Повеќето од вас денеска ќе го минат денот дома, што ќе им овозможи добри можности за одмор. Со другите се однесувате либерално, а со тоа ги освојувате нивните симпатии. Обидете се да завршите навреме нешто што сте го планирале за овој ден. Средбата со пријател ќе ви ја направи различна вечерта. Ќе научите нешто ново што ќе ви биде корисно.

Стиснете ја оваа точка на телото, со причина ја нарекуваат „врата на рајот”

Симптомите на стрес се бројни и непријатни. Главоболки, дигестивни нарушувања, несоница и нервоза се некои од ситуациите кои можете да ги решите во само неколку минути со притискање на една точка.

Стресот е секојдневна појава, која повеќето од нас ја доживуваат. Освен нервоза, постојат многу физички симптоми, како што се главоболка, недостаток на енергија, пад на имунитетот, па дури и дигестивни нарушувања.

Кинескиот метод на третман познат како акупресура објаснува дека постојат одредени антистресни точки на човечкото тело, со чија стимулација телото се опушта и го ублажува стресот.

Една таква се вика Шен Мен, која во слободен превод значи „врата на рајот”.

Со притискањето на ова антистресно место се намалува стресот, се зголемува енергијата и се зајакнува имунитетот, ја ублажува болката. Точката се наоѓа на внатрешниот горен дел на увото, а со мало триење станува активна.

Еве како со масажа на точка Шен Мен можете да го опуштете телото и духот:

Со стапче за уво притиснете ја точката и нежно масирајте.

Дишете полека и длабоко, слушајте го вдишувањето и издишувањето.

Додека дишете, погледнете лево, а за време на издишување на десно, но без да ја вртите главата.

Постепено ќе се чувствувате како вашето тело се релаксира, симптомите на стрес ќе се намалат.

Совети:

Точката можете да ја масирате и со врвот на прстите.

Масирајте ја точката секогаш кога чувствувате дека сте под голем стрес

Оваа постапка можете да ја повторувате секој ден пред спиење.

Популарно