Легенди за настанувањето на имињата на македонските градови

Секој град има своја душа, единствена. Секое место за себе е сопствен свет, кој крие многу приказни кои се случиле низ годините, многу луѓе кое газеле по него, многу тајни сокриени во камчињата. Во оваа статија денеска зборуваме за тоа како некои места и градови во Македонија ги добиле своите имиња. Во поголемиот број од нив стванува збор за легенди кои нашите предци ги прераскажувале едни на други, но сепак, интересно е да се знаат, и да продолжат да живеат и за наредните поколенија.

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Скопје

Градот Скопје низ историјата сменил неколку имиња. Неговото античко име е Скупи, во византиските документи е запишан како Скопија, а Словените го нарекувале Скопје, Скопие и Скопље. Има разни легенди за неговото настанување. Една теорија вели дека потекнува од грчкиот збор „скопиа“ и толкувањето како „караула“, поради можното постоење на караула односно “набљудувачница“ на тоа место (скопос значи „гледање“). Уште една приказна за настанувањето на името на градот Скопје е онаа која го “извлекува“ толкувањето на овој збор од “собир“, односно “собиралиште“ и најверојатно го означувало местото каде што главатарите (челниците) на околните места или племиња се собирале повремено за да расправаат за некои заеднички работи.

Охрид

Се прераскажува дека градот го добил името “Охрид” кога самуиловите воини враќајќи се од една тешка битка, изморени и истоштени, качувајќи се по ридот (на кој е денешен стар Охрид) извикувале “Ох, риде; ох, риде”. Со поврзување на овие два збора настанало името Охрид.

Битола

Во текот на историјата, во зависност од владетелите, градот Битола имал многу имиња. Има верзија која вели дека градот Битола името Манастир го добил по една огромна црква која се наоѓала над Битола, кај сегашниот мост викан Црн Мост (турски јазик: kara köprüsü). Во оваа црква можеле да се сместат сите присутни од селското население од битолското поле кои доаѓале за време на празниците да ги вршат верските обреди. Според записите на Марко Цепенков, градот Битола своето име го добил по големопоседникот Тољо, кој имал своја тврдина во близината на денешното битолско село Буково. Во времето кога дошле Турците да го освојат овој дел од Македонија, за да го повикаат на борба големопоседникот Тољо, му велеле „Би Тољо, до би Тољо“, со што според Марко Цепенков од таму потекнува денешното име на градот Битола.

sirok-sokak-bitola-1024x680

Виница

Името Виница потекнува од зборот ВИНО, бидејќи подрачјето на Виница во минатото било познато по своите лозови насади. На теракотните икони пронајдени на локацијата Виничко Кале името на градот е запишано како Винеа или Винце.Според локалната легенда името настанало во период од неколку сушни години кога наместо со вода, куќите биле градени со вино.

Берово

Жителите на најисточниот град во Македонија раскажуваат две легенди за тоа како настанало името Берово. Според една легенда името доаѓа од сточарот Беро, кој поседувал ливада – Беровска ливада помеѓу селата Робово и Мачево. Втората, и поверојатна верзија е дека луѓето „се береле“, односно се собирале од Малешевијата во Беровската котлина и така дошло до името Берово.

Струмица

И околку етимологијата на Струмица постојат неколку различни теории. Едната вели дека со преселбата на Словените, која се одвивала во периодот од осумдесетите години на 6 век до триесетите години на 7 век, градот доживеал големи разурнувања. На овие простори се населило словенското племе Струмјани, кое го добило своето име по реката Стримон, која тие ја преименувале во Струма. Другата пак е малку поромантична, и според неа, Денешното име Струмица, како што потврдуваат и старите пишани документи на старословенски јазик, се користи од средниот век. Тогашниот римски цезар Тибериј (од кого произлегува името Тивериопол) и го посветил градот на својата ќерка Струма.

strumica4-610x400

Прилеп

Како и за други македонски градови, така и за Прилеп има неколку преданија за тоа како е настанат градот.

Едната од нив вели дека кога луѓето почнале да се населуваат во овој предел, ги „прилепувале“ своите куќи до Марковите кули и потоа се оформила прво наслелба, а потоа и град кој се нарекувал Прилеп.

Второто предание вели дека луѓето што се населувале правеле многу леб, па местото се прочуло како „прилебно место“ (место каде што се прави леб). Според самиот Блаже Конески, името Прилеп е создадено од личните имиња Прилепа и Прилепка кои се дел од руската антропонимија.

Радовиш

Градот Радовиш го добива своето име по убавата кнегиња Рада која живеела тука, која и самата била заљубена во овој град. Поради нејзината убавина и во нејзина чест, градот го носи нејзиното име.

Струга

И за Струга постојат две легенди. Едната вели дека Струга го добила своето име поради отворената географска положба на градот – место каде што постојано „струже“ (дува ветер). Втората легенда вели дека некогаш, одамна, македонските словени Брсјаци и Мијаци во струшкиот регион се занимавале со сточарство и овците ги носеле на стрижење токму на истекот на Црн Дрим од Охридското езеро. Од стрижењето на овците се доаѓа до зборот Струга.

Гостивар

Потеклото на името на овој град е словенско, односно поточно кажано чешко! Имено, во Прага постои цела населба која се нарекува Гостивар – на чешки Hostivar. Чешкиот збор хости всушност означува гости – гостопримливост, добродојденот и слично.

Кочани

За името на градот Кочани постои една легенда кои вели дека многу одамна човек по име Кочо отишол на печалба во Кина, од каде го донел оризот во својот роден крај. Оризот успеал во овој регион а населеното место го добило името Кочани во чест на човекот кој ја донел оваа култура во овој град.

Делчево

Старото име на ово град е Василево. Василево преведено од грчки означува Царево Село. Во турско време, Делчево се нарекувало и Султанија, а по Втората Светска војна, во 1950-тата година, Президиумот на Народното Собрание на НР Македонија донесува одлука Царево Село да се преименува во Делчево, во чест на Гоце Делчев.

Свети Николе

Се смета дека овој град го добил своето име по црквата Свети Никола. Во турско време, во овој град се наоѓале околу 40 цркви, и сите до една биле срушени, освен најубавата – Св. Никола. По неа и го добил градот своето име.

kumanovo1-600x400

Куманово

За тоа како настанало името на градот Куманово постои само една легенда која е и доста логична. Се смета дека овој град името го добил по племето Кумани кои во 1094-тата година се населиле во овој предел и долго време се задржале во кумановската општина и пошироко.

Велес

Во текот на историјата, градот Велес повеќе пати го менувал своето име, од Вила Зора и Ќупурли до Титов Велес и Велес. За настанокот на неговото име има две легенди.

Едната вели дека името го добил од словенскиот термин „В Лес“ кој означува „во шума“, со што се означувал пределот со густи шуми во близината на ова населено место, а втората легенда вели дека пределот околу Велес, кој бил погоден за пасење на добитокот, го населувале сточарски словенски племиња чии бог на добитокот бил богот Велес.

Дојран

Потеклото на името Дојран се поврзува со една легенда. Кога зимата 1371-1372 турските војски навлегувале во Македонија, стигнале и во Тауријан (Полин). Тие дошле од исток, а бидејќи било зима, езерото било замрзнато и покриено со снег. Турската војска, без да знае, поминала преку замрзнатото езеро и стигнала во градот. Градските првенци, кои ја пречекале војската, прашале од каде поминале, а турскиот војсководец Евронос одговорил: „Ете, овде, преку полето“. Тогаш првенците му кажале дека тоа не е поле, туку дека поминале преку замрзнатото езеро, покриено со снег. Кога го разбрал тоа, Евронос наредил да се направи голема и богата гозба, што на турски значи „дојрумаќ“. Се смета дека од тој збор и по тој случај градот добил ново име.

Гевгелија

Според легендата за градот Гевгелија, некој дервиш, сосема случајно залутал во овој град. Но толку му се допаднал што дури и не сакал да си замине потоа. Мештаните не сакале да го примат странецот во своето родно место па се обиделе да го избркаат. Дервишот повреден и тажен заминал од градот, колнејќи го мештаните. Дури тогаш тие сфатиле дека треба да бидат гостопримливи и го повикале дервишот назад со зборовите гел-гери (ела назад) – од кои подоцна дошол зборот Гевгелија.

biblioteka

Кратово

Кратово го добил своето име благодарение на својата местоположба. Како што сите знаеме, Кратово лежи во вулканска подлога, односно вулкански кратер и од тука доаѓа и името.

Мариово

За потеклото на името Мариово постојат повеќе легенди. Едната од нив вели дека тоа го добило името по убавата Марија која, по долги натегања, заминала во харемот на турскиот бег и се жртвувала за да го спаси целиот крај од потурчување. Другата легенда говори за името Мориово, кое доаѓа од верувањето дека пред многу векови тука постоело море, за што сведочат многубројните карпи кои потсетуваат на школки.

Пелистер

Постојат две легенди поврзани со името Пелистер. Едни велат дека името потекнува од грчкиот збор пелистер што значи гулаб, зошто кога планината се гледа од далеку наликува на гулаб. Другата пак е поврзана со петигличестиот бор – молика, која само тука расте и има пет лисија. Пет-листер, па оттаму Пелистер.

14830-pelister

TikTok добива дислајк копче

Уште од објавувањето во 2016 година, TikTok постојано иновира и носи нови функции во својата видео апликација за кратки форми.

Сега апликацијата почна да добива уште една функција, која им овозможува на корисниците интеракција со видео клипови, а многумина беа шокирани од овој потег.

Кон крајот на декември, корисниците почнаа да забележуваат ново копче на десната страна на видеото. Сместено директно под копчето „favorite“, сега има опција „dislike“ со слика со палецот надолу.

Копчето е дизајнирано да помогне во прилагодувањето на For You Page, така што алгоритмот забележува кога не сакате да видите некое видео кое сте го „дислајкувале“ или слично на тоа, без оглед на видот на содржината. Копчето dislike не е достапно за секого, но оние кои можат да го видат се прилично шокирани од новиот додаток.

„Сега можете да дислајкувате видео на TikTok – зошто воопшто би додале нешто такво?“, праша корисник.

Друг корисник го истакнал постоењето на копчето објаснувајќи како случајно не му се допаднало видео наместо да го додаде во неговите омилени – сосема спротивно од она што го замислил.

Функцијата „не ми се допаѓа“ доаѓа само неколку недели пред „ТикТок“ потенцијално да биде забранет во Соединетите држави на 19 јануари.

Најмногу очекуваните 25 филма за 2025 година

На почетокот од 2025 година, американскиот „Лос Анџелес тајмс“ објави 25 филмови што ги оцени како „најнестрпливо очекуваните“ за годинава.

На листата се наоѓаат: документарецот „Лајза: Навистина страшна, апсолутно вистинска приказна“, (Liza: A Truly Terrific Absolutely True Story) (во кината на 31 јануари), „Бриџит Џонс: Луда за момчето“ (Bridget Jones: Mad About the Boy) (13 февруари), „Падингтон во Перу“ (Paddington in Peru) (14 февруари), „Мики 17“ (Mickey 17) (7 март), „Свадбениот банкет“ (The Wedding Banquet) (18 април), Грешници“ (Sinners) (18 април).

Меѓу одбраните 25 филмови е и „Невозможна мисија: Конечното пресметување“ (Mission: Impossible - The Final Reckoning) (со премиера на 23 мај)... Последниот, осми филм од серијалот што трае скоро 30 години, раскажува за Итан Хант (Том Круз) и неговиот тим (одглумен од Сајмон Пег, Винг Рејмс и Хејли Атвел) кои сè уште се во битка да го запрат „Ентитетот“ - непријателска вештачка интелигенција што ѝ се заканува на глобалната стабилност. Ова е четвртата „Невозможна мисија“ на режисерот Кристофер Мекквари, но и осма за веќе 62-годишниот Круз.

Продолжението на акционите филмови „Џон Вик“, насловено „Балерина“ (Ballerina) излегува на 6 јуни. Списокот продолжува со „Елио“ (Elio) (13 јуни), зомби-апокалиптичната сага „28 години подоцна“ (28 Years Later) (20 јуни), „Ф1“ (F1) (27 јуни), како и продолжението на НФ-трилерот „М3ган“ (M3GAN 2.0) (27 јуни).

Натаму се наброени и сè уште ненасловената комедија на Треј Паркер и Мет Стоун закажана за 4 јули, како и проектот Томас Андерсон и Леонардо ди Каприо за на 8 август. Меѓу нив е и најновиот „Супермен“ (11 јули).

Меѓу најистакнатите од овој список е „Пооткачен петок“ (Freakier Friday) - продолжението на комедијата „Откачен петок“ со Линдзи Лохан и Џејми ли Кертис од пред 22 години. Филмот излегува на 8 август.

По него следат: „Невестата“ (The Bride) (26 септември), „Злобница: Засекогаш“ (Wicked: For Good) (21 ноември), „По ловот“ (After the Hunt), „Умри, љубов моја“ (Die, My Love), „Мастермајнд“ (The Mastermind), „Материјалисти“ (Materialists), „Мајка Марија“ (Mother Mary), „Сентиментална вредност“ (Sentimental Value) и „Патот на ветрот“ (The Way of the Wind), за кои нема датуми за киноприкажувањата.

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Започнете со важните задачи, ве очекуваат изненадувања кои ќе ви ги променат плановите. Денот е поврзан и со новитети од лична природа, ќе уживате во добивки и средби со луѓе од кои очекувате развој за прашање што ве интересира. Бидете пријателски расположени со колегите, но не им го откривајте приватниот живот.

БИК

Вашиот иден професионален развој ќе зависи од работите што ги правите денеска на вашето работно место. Не ги штедете напорите да го истражите секој детал и бидете сигурни дека ќе бидат наградени. Имате одговорност да организирате важен настан, затоа потрудете се да нема незадоволни.

БЛИЗНАЦИ

Денеска ќе наидете на активност која е исклучително погодна за луѓе како вас со различни интереси. Зрачите со ентузијазам и брзо преминувате од една акција во друга. Меѓутоа, доколку сакате вистински резултати, ќе треба да станете посериозни за вашата избрана активност. Слушајте ги повеќе советите на луѓето од вашето опкружување.

РАК

Со задоволство ќе го трошите времето на идеи на коишто ќе правите конструктивни корекции, за да можете да ги спроведете без непотребни одложувања. Нема да ги отфрлите ниту советите од вашите најблиски, сфаќајќи дека се корисни. Добри вести поврзани со претстојните настани. Некои од вас ќе се подготвуваат за претстојно патување.

ЛАВ

Ќе ви се појави прашање поврзано со други луѓе или занимање за кое вашиот интерес е слаб. Постигнат договор со партнери или учесници во некоја професионална задача ќе ги расчисти деталите и оттаму ќе ви тргне работата. Со повеќе трпение и без да очекувате чуда, работите ќе ви се усогласат добро.

ДЕВИЦА

Направете нешто убаво за саканата личност или личност кон која имате топли чувства. Одушевете го партнерот со подарок или едноставно ставете се во служба на вашите најблиски. Денеска повеќе од кога и да е успевате да донесете радост.

ВАГА

Денеска на работното место ве очекуваат изненадувања. Разговорите со претпоставените и колегите се плодни и можете да сметате на нивните ветувања. Ќе добиете добри вести кои ќе бидат сигурен знак за вашиот професионален развој. Имате сериозни намери за одредена личност, но треба и таа да знае за нив.

ШКОРПИЈА

Не постои лек кој ќе помогне во сите случаи и кај секој човек. Ако сте задоволни со вашите моментални резултати, зошто да менувате нешто? Ако не сте, зошто да не направите експеримент. Натеајте ги упорните луѓе да чувствуваат дека ги сметате за чесни и правични, и ќе видите дека тие позитивно ќе одговорат и ќе ги исполнат своите обврски кон вас. Повикајте ги на благородни мотиви.

СТРЕЛЕЦ

Од средбата со личност која ви се допаѓа, ќе добиете инспирација и будење за поголема активност. За вашата возбуда може да разговараат други кои не ги делат вашите намери, но не ги осудуваат. Очите, срцето и зглобовите се дел од органите со кои може да имате проблеми денеска. Преземете акција навреме.

ЈАРЕЦ

Ќе работите да ги потврдите идеите што страсно ги браните, наидувајќи на недоразбирање и тешкотии од техничка природа. Промените што ќе ги донесете сами ќе почнат да влијаат и на вашата околина, но бидете трпеливи. Прифатете ги нивните забелешки и верувајте дека работите за подобра иднина.

ВОДОЛИЈА

Соодветно ќе одговорите на очекувањата од вас и ќе го покажете најдоброто од себесу на работното место и на деловен план. Идеите што ќе ги предложите ќе влезат во видното поле на надредените и резултатите нема да изостанат. Со тоа што ќе станете поддршка за сомничавите и беспомошните, вие всушност си помагате себеси.

РИБИ

Ве очекува радоста за успешно реализирање на вашите професионални идеи. Ова ќе се случи не без помош на вашите најблиски, кои не сте ги виделе долго време. Средбата со нив ќе ви помогне да се опуштите и да го подобрите вашето расположение.

Популарно