И во парк може да пронајдете богатство

Во Колорадо жена пронашла 3-каратен дијамант само 10 минути после трагањето во државниот парк во Арканзас. Портпаролката на паркот, Мег Метјуз изјавила дека 71-годишната пензионерка од Аурора, Колорадо, побарала да остане анонимна.

Најпрво помислила дека е парче стакло и му го дала на синот додека таа со останатите членови од семејството продолжила да трага по драгоцени камења.

После еден час го однела својот „улов“ на вработените во паркот од кои всушност дознала дека нашла дијамант од 2,63 карати, што е најголем дијамант од сите 256 драгоцени камења пронајдени во овој парк.

Инаку, станува збор за парк, кој е еродиран вулкански кратер, кој на посетителите им дозволува да го задржат она што ќе го најдат. Вработените во паркот не пружаат услуги на проценка на вредноста на пронајденото богатство.

ФОТО: Карлеуша прошета со чанта од 15.000 евра

Сите знаеме дека Јелена Карлеуша има гардеробер и аксесоар кој вреди цело богатство, а како што и самата вели - ни сама не знае колку станови можела да купи со парите кои ги потрошила за гардероба.

Меѓутоа, таа нема намера да запре со купување на скапоцени работи, па овој пат инвестирала неверојатни 15.000 евра во Биркин чанта.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг потпишал мултимилионерски договор со фудбалски клуб во Кина, Јелена и тоа како може да си дозволи скапа облека.

Еве како изгледа нејзината нова љубов:

ВИДЕО: Оваа сообраќајка го подели интернетот

Некои луѓе тврдат дека возењето е привилегија, а не право. Ако е тоа вистина, тогаш на овие двајца возачи во Перт во Австралија, таа привилегија треба да им биде одземена, откако учествуваа во овој бизарен судир.

Иако се чини дека невозможно да се удри во паркиран автомобил, снимката која доаѓа од Перт го прикажува спротивното.

На снимката се гледа моментот кога автомобилот се удираат еден во друг, додека еден се паркира, а другиот излегува од паркингот.

Оваа снимка е објавена на социјалните мрежи, па се поведе дискусија околу тоа кој возач е виновен. Дали возачот белиот или со црниот автомобил.

Вашето мислење напишете го во коментар.

Популарно