ВИДЕО: Невидена снимка од хаосот по победат на Кабиб

Кабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор приредија вистински спектакл во кафезот, но и надвор од него по завршувањето на борбата.

Кабиб заслушено ја доби борбата во четвртата рунда, а после тоа направи хаос. Русинот ја прескокна оградата и тргна физички да се пресметува со тренерот на Мекгрегор.

Негова мета беше Дилон Денис, кој беше еден од најгласните во навредите. Меѓутоа, на снимката се гледа дека и тренерот на Ирецот не се повлече после нападот и дека спремно тргна во борба.

За среќа обезбедувањето реагираша на време и спречи поголем скандал.

Загина легендата на босанскиот фудбал

Некогашниот играч на Железничар Горан Марковиќ загина во панчево на 34-годишна возраст.

Марковиќ паднал од петиот спрат на плочникот пред зградата додека ја поправал ролетната од прозорецот на својот стан.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, тој починал откако беше пренесен во болница.

Марковиќ во својата кариера настапувал за Динамо Панчево, ПСК Панчево, Радник, Железничар и многу други клубови, а каиерата ја заврши лани, пренесува Клик.

Најголем траг во босанскиот фудбал остави во Железничар и Зиринско за кои од 2009 до 2013 година одигра вкупно 74 натпревари.

Стоилов ќе дебитира сезонава против „зебрите“ на Јиха

Eвропскиот првак ќе се обиде да ја впише четвртата победа во Лигата на шампионите посилен за капитенот Стојанче Стоилов. На техничкиот состанок утрово, Вардар го пријави кружниот напаѓач за натпреварот со бундеслигашот Кил. 

Давид Писонеро е без повредениот Толедо, а сите останати ракометари се максимално подготвени. Победникот на ЕХФ Купот и светскиот вицешампион Кил доаѓа во комплетен состав и во налет по добриот бундеслигашки старт.

Двете екипи во Лигата на шампионите се непоразени. 

Официјални состави на натпреварот Вардар - Кил: 

(ФОТО) Столе Стоилов: Елиф Елмас мангупиште

Репрезентацијата на Македонија вечерва забележа важна победа над Словенија со 2:1 (0:0) во квалификациски меч за ЕП 2020 од групата „Г“, кој се одигра на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

И ракометарот Столе Стоилов му посвети статус на Фејсбук на Елиф Елмас, кој ги постигна двата гола синоќа за „црвено-жолтите“, покажа дека е следната ѕвезда на нашата репрезентација.

Популарно