ФОТО: Зошто едното уво на Нурмагомедов изгледа поинаку од другото?

УФЦ-борецот Хабиб Нурмагомедов во последните денови е најпопуларниот спортист во светот, а тоа се случи поради победата против Конор Мекгрегор.

Сепак, медиумите ги интересираше зошто десното уво на Хабиб му се разликува од левото.

Светската јавност ја интересираат сите детали од животот на Хабиб, па беше објаснето и зошто неговите уши се различни.

Десното уво на Хабиб се разликува по необичната структура на ткивото и тоа го имаат голем број борци поради шокот кој го предизвикува увото при борбата, а се јавува како последица на голем број примени удари.

ФОТО: Оваа девојка ја оставил Новак за Јелена

Лидија Поповиќ е атрактивната убавица со која најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ бил во врска пред да ја запознае сегашната сопруга Јелена, пишуваат регионалните медиуми. 

Нивната романса наводно траела само два месеца, а љубовта прекинала уште пред медиумите да дознаат за истата. Поповиќ денеска е светски позната диџејка, а нејзиното уметничко име е Лејди Ли.

Ѓоковиќ од 2014 година е во брак со Јелена Ристиќ. Двојката има две деца, синот Стефан и ќерката Тара. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by LADY LEE (@ladyleeofficial) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by LADY LEE (@ladyleeofficial) on

Мајката на Ноле: Работев на шанк, правев палачинки и сите заработени пари ги давав за Новак

Дијана Ѓоковиќ, мајката на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, не сака да се експонира во медиумите и максимално е посветена на семејството. Во едно интервју призна дека целиот живот го посветила на децата, но дека не ни насетувала дека Ноле ќе биде тениски ас. Сакала само да се занимава со спорт, како би израснал во здрав и добар човек. Кога со нејзиниот сопруг сфатиле дека е исклучително талентиран, направиле сѐ што е во нивна моќ да му помогнат да го оствари својот сон. На патот кон успехот се соочувале со многу бариери, прошле низ вистински пекол.

Дијана неодамна во интервју за хрватскиот „Вечерни лист“ откри дека семејството во 90-те било на работ на банкрот поради кариерата на Новак. Родителите на Ноле имале ресторан на Копаоник и тоа им бил единствен извор на приходи, а Дијана не крие дека биле на чекор да се повлечат.

- Имаше моменти кога мислевме дека финансиски не можеме повеќе да издржиме. На крај некако се снаоѓавме. Тоа беше единствен начин нашиот син да успее. Он тоа не го знаеше и не требаше да го знае. Не го оптеретувавме дали имаме или немаме. За него мораше да имаме. Седумнаесет години работев во ресторанот, од 10 до 16 часа. Правев палачинки, работев на шанк, правев пици.. Срѓан патуваше со него, а јас им ги праќав сите пари кои ќе ги заработев. На крајот се исплати, но можеше да биде и поинаку - раскажа таа за „Вечерњи лист“.

Вели дека сѐ постигнале сами, со помош на неколку пријатели, без поддршка од државата

Стартната постава на Јувентус „влева страв“

Старата дама е решена да го прекине 24-годишниот пост во Лигата на шампионите и конечно да ја освои титулата што би била трета во историјата на клубот.

Раководството на Јуве за таа цел направи феноменален тим, ги засили позициите кои беа послаби и во новата сезона ќе влезе исклучително силен.

Вака би требало да изгледа стартната постава на торинскиот тим кој под водство на Маурицио Сари не би требало да се помири со ништо помалку од тројна круна.

Популарно