Зошто мажите сакаат да гледаат порно филмови пред жената?

Неодамна Списанието Гламур реализира едно истражување за сексот, а резулатите до кои дојде се навистина интересни.

Сакаат секс во мрак

Дури 37% од мажите сакаат секс во мрак. Жените го сакаат во многу поголем процент, но ова за нас беше потполно изненадување.

Размислуваат за другарката на својата партнерка

Машкиот мозок сака да одлета за време на сексот, а на листата на жени за кои размислува, од супермодели и познати глумици често се наоѓа и другарката на партнерката. Тоа не значи дека навистина му се допаѓа, но фактот дека е забрането овошје навистина функционира.

Сакаат да гледаат порно филмови пред жената

Некои мажи ги кријат своите потреби за порно филмови, но дури 40 проценти велат дека гледале порнич додека девојката им била во соба.

Скромни се

Кога во анкетата им поставиле прашање како би се оцениле себе си во кревет, 44 проценти од нив рекле дека се сметаат за добри, додека 46 % изјавиле дека се сметаат за просечни. Скромноста е секогаш доблест.

Овие совети ќе ви го сменат животот

Една млада жена  дознала за изневерувањето на својот маж и се чуствувала разочарана од тоа. Очајна, ја посетила својата баба на која и раскажала дека се чуствува скршено. Не знаела дали има смисла да ја спасува врската или просто да се откаже, а баба ѝ, и го дала најдобриот совет досега.

„Се и кажав, а мојата бабичка ме однесе во кујна. Наполни три тенџерчиња со вода и ги стави на шпорет. Водата брзо провре. Во првото стави морков, во второто јајца, а во третото мелени зрна кафе. Без збор ги остави да се готват и после 15 минути ги исклучи. Го извади морковот и го стави на чинија, јајцата во тенџере, а кафето го стави во шолја. Свртувајќи се кон мене ме праша „кажи ми што гледаш?“

„Морков, јајца и кафе“, одговорив. Ги привлече садовите кон мене и ми рече да го допрам морковот. Го направив тоа и забележав дека е мек. Потоа баба ми ми рече да ги скршам јајцата. Откако ги извлеков од лушпата, го набљудував тврдо готвено јајце. На крај ми рече да се напијам голтка кафе. Го направив тоа и се насмеав, откако ја пробав богатата арома. Потоа ја прашав-што значи сето ова?

Баба ми ми рече дека сите тие намирници се соочени со иста катастрофа-вода која врие. Секоја од нив, реагираше поинаку. Морковот влезе како силен, јак и непопустлив. Сепак, врелата вода го направи мек и слаб. Јајцето беше слабо и кршливо, а при дејството на топлата вода стана силно. Мелените зрна кафе беа единствени, откако се најдоа во вода, се променија.

„А што си ти“, ме праша баба ми. Кога несреќата затропа на твојата врата, како реагираше? Дали си морков, јајце или зрно кафе? Размислив за тоа. Дали сум морков кој изгледа силен, а на првиот проблем станува слаб и мек? Дали сум јајце кое почнува со мека душа, но со проблемот станува тврдо? Изгледа ли мојата лушпа еднакво и го крие ли моето скаменето срце? Или пак сум зрно кафе кое може да го промени водата на високо ниво?

„Ти посакувам да имаш доволно искуства, кои ќе те направат мека и слатка како морков, доволно искуства кои ќе те научат како да станеш цврста, и доволно искуства на кои сама ќе влијаеш, за да стекнеш надеж“, рече баба ми.

Најсреќните луѓе не се нужно оние кои го имаат најдобро од се-тие само го прават најдобро, од тоа што ќе им се најде на патот. Најдобрата иднина секогаш се темели на заборавено минато, а во животот не можеш да тргнеш напред, ако не ги пуштиш своите стари неуспеси и рани на срцето. Кога си се родила, си плачела додека сите други околу тебе се смееле. Живеј го својот живот, на крај, ти ќе бидеш таа која се смее додека другите околу тебе плачат, мудро заклучи баба ми, која сакаше да ме донесе до степен, сама да ги донесам своите заклучоци и да го пуштам од животот она што ми носи и предизвикува болка.

Видео: Ова е најнеобичната презентерка на ТВ

Синхуа  Кинеската новинска агенција ја ангажираше првата во светот жена-робот водителка на вести. Агенцијата соопшти дека нејзиното име е Син Сјаомен, која е развиена во соработка со компанијата Sogou, што се занимава со пребарување и индексирање на информациите во глобална мрежа.

Всушност, токму Sogou е креаторот на овој модел на вештачката интелигенција.

Водителката ќе известува за седниците на кинеското собрание на народните претставници и кинескиот консултативен комитет. Ова всушност се главните политички настани во државата.

Да потсетиме, минатата година во Синхуа се појави првиот маж-робот водител на вести, Џан Чао. До денес, тој има презентирано 3.400 телевизиски вести, со вкупно времетраење од повеќе од 10.000 минути.

Но, сега е веќе познато дека тој ќе биде отпуштен, а на негово место ќе биде назначена Сјаомен, која за разлика од него не е статична, туку може да се движи и да гестикулира.

Во последниве години, Синхуа активно експериментира со новинарството, базирано на алгоритми со елементи на вештачка интелигенција.

Во 2017 година, агенцијата ја вработи Цја Цја, која иако робот, уверливо изгледаше како млада жена облечена во традиционална кинеска облека.

Таа водеше интервју со информатичкиот експерт Кевин Кели, но не се справи со задачата, бидејќи од прашањето до одговорот правеше паузи подолги од 10 секунди. Оттогаш, роботите-водители на Синхуа се значително подобрени.

Популарно