Неодамна на социјалните мрежи беше објавено видео од 6 годишно момче по име Адам, кое имаше привилегија да ја посети пилотската кабина при еден од летовите на Etihad Airways. Уствари, знаете што, лажеме. Пилотите беа тие кои што имаа привилегија малиов да ги посети во кабина.
Зошто? Затоа што е генијалец, затоа што знае неверојатно многу за авионите.
Во случајов, главниот пилот имаше реакција со која искажа возбуденост, но и инприсионираност од момчето кое прикажа неверојатно знаење. Врвот е кога го прашува – што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? а малиот Адам му одговара не „пилот“ туку „КАПЕТАН“.
Е па, истово ова видео на Фејсбук собра над 30 и кусур милиони прегледи. Очекувано, Адам набрзо доби покана од Etihad Airways. Мораме да признаеме дека малиот има и харизма и веројатно доколку стане вистински пилот ќе биде еден од најпосакуваните и харизматични пилоти.