Интересен оглас: Девојка од село бара маж кој би работел и живеел со неа

Интернет страната „Објави Онајн“ цитира интересен оглас, за кој не сме сигурни дека е автентична, но вреди да се прчита. „Ветувам дека ќе му бидам добра жена, и дека ќе му готвам секој ден и ќе чистам, само живината мора да биде средена“. 

Еве за што се работи…

„Останав сама на оваа фарма,  се одлучив за овој потег бидејќи ретко излегувам бидејќи навистина немам време, едвај чекам да си легнам.

Барам маж кој би ме оженил и би работел со мене на фармата, ветувам дека ќе му пружам и повеќе од она што може да си го замисли, ќе бидам вистинска готвачка и домаќинка.

Негово е да се грижи за 150 грла стока, 13 крави, 8 кози, 66 овци, 34 јагниња, 46 пилиња, 19 телиња,11 бикови, 4 кучиња и 12 мачки. Мора да ги храни 3 до 4 пати дневно, не смее да им фали ниту вода ниту храна.

Потоа има друга работа на фармата, да чисти, да ора, како и на секој друг имот. Мора во шума по набавка на дрва, да ги сруши, донесе и исцепи.

Предност имаат оние кои знаат да возат трактор и да ракуваат со земјоделски машини. И молам да не ми се јавуваат момчиња што си ги бричат нозете, користат пудра и слично.

Барам само селски мажи, влакнест и исполнет.. Па ако има таков нека се јави“.

ФОТО: Маја Беровиќ ја промени фризурата

На пејачката Маја Беровиќ некое време долгата руса коса ѝ е заштитен знак, меѓутоа таа сега се одлучила за промена. Косата ја скратила кратко и сега е без црн корен, туку е целосно русокоса.

Нејзините фанови се воодушевиле од промената, па коментарите под фотографијата се главно комплименти.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

💋💋💋

A post shared by Maya Berovic (@mayaberovicofficial) on

Фото: Нашата манекенка на страниците на ВОГ

Јована Нешова, една од најуспешните македонски интернационални модели, се појави во кинеското издание на модниот магазин „Вог“. Таа беше вклучена во едиторијалот The Shape Shift, како едно од заштитните лица во кампањата за брендот Finelycup.

Кампањата е сликана минатиот септември, но е за целата оваа 2019 година. Низ годините Јована само го потврди својот статус на една од најбараните македонски модели во странство, а таа имаше среќа да ја бараат многу на азискиот моден пазар. Немав нималку сомнеж за неа“, рече Алек Наумовски, првиот човек на нејзината матична агенција „Моделс ин“.

Популарно