Снаа и свекрва

Отсекогаш односот на снаите и свекрвите отсекогаш бил инспиративен за шеги.

1. Што би направиле кога тигар би ја нападнал вашата свекрва? Јас? Ништо! Сам ја нападнал, сам нека се брани.

2. Полн автобус со свекрви тргнал на излет. Во еден миг излетал од патот и сите починале на лице место.

Следниот ден на погребот сите снаи ќутејќи стоеле, а само една кукала и плачела. Една од толпата ѝ пришла и ја прашала: „Зошто плачеш? Па, и мојата загина!“ А таа ѝ одговорила: „Мојатаaaa задоцнииии на автобусоооот!!!“

3. Синот ја прашал мајка си: „Мајко, која од овие три мислиш дека е мојата идна сопруга?“

Мајката му одговорила: „Таа во средина!“ Синот ја прашал како знае, а таа му одговорила: „Па, таа не ми се допаѓа“.

4. Која е разликата помеѓу свекрва и лешинар?

Лешинарот прво чека да умреш, па потоа ти го јаде џигерот.

5. Синот донел снаа во домот. Првото утро снаата и свекрвата пиеле кафе. Свекрвата ѝ кажала: „Наутро кога сум добро расположена каранфилот го ставам на десното уво, но ако сум нервозна го ставам на левото и не ме допирај и не ми се обраќај“.

На тоа снаата ѝ одговорила: „А јас наутро кога ќе станам, се туширам, мавам 2-3 ракии и многу ми е гајле на која страна ти е тој твој каранфил.“

6. Каква е разликата помеѓу свекрва и вегета? Никаква! И двете во сè се мешаат.

6. Мојата снаа и јас бевме среќни 25 години. И потоа, за жал, се запознавме.

7. Која е разликата помеѓу свекрва и пчела? Пчелата боцка и умира, а свекрвата боцка и боцка и боцка и не умира.

8.. Што е тоа што преку ден лае, а невечер плива? Вилицата на свекрвата.

9. Доаѓа свекрвата на гости кај синот и снаата? Снаата ја прашува: „До кога ќе останете кај нас?“ „Ах, снао моја, додека не ви здодеам.“ „Зошто толку кратко?“, ја прашала снаата.

(Фото) Јована Јеремиќ ослабе за само една недела, ова е нејзината тајна

Водителката Јована Јеремиќ, која наскоро ќе се проба себеси и како актерка, вели за себе дека е вистинска мачка откако ослабела, а вишокот килограми го отстранила со помош на нутриционист, на кого му се обратила штом видела дека качила килограми.

-Се грижам за тоа што јадам. Сфатив дека ако јадам што сакам, ќе изгледам како гардеробер со три врати. Но, во последните три месеци се здебелив, што не се гледа на телевизија, но свесна сум за тоа, бидејќи секое утро се мерам на вага. Затоа веднаш почнав да јадам по совет на нутриционистот и за една недела го изгубив вишокот! Сега треба само да ја одржувам тежината, изјави Јована Јеремиќ, која вели дека претходно имала вишок килограми, но дека на мажите тоа не им пречело.

-Како девојка имав 58 килограми. Отсекогаш сум била привлечна за мажите. Кога учев, тие реагираа на мене, иако никогаш не бев средена. Во тој период најмногу вложив во своето знаење и не ми беше важно како изгледам. Меѓутоа, кога завршив четврта година на Правниот факултет, сфатив во каков свет живееме. Ако сакам да направам нешто, морам да станам мачка, изјави Јована, водителка на Пинк.

(Фото) Сталоне и Шварценегер ги воодушевија обожавателите

Холивудските актерски легенди, Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне ги израдуваа обожаватели со фотографија на која позираат заедно.

-Роки и Терминатор, објавија на Инстаграм фотографија ја која подготвуваат тикви за Ноќ на вештерките.

-Јас и мојот пријател Арнолд поминуваме заедничко време во неговата неверојатна канцеларија резбајќи тикви со ножеви за преживување. Тоа е она што вистинските акциони момци го прават го своето слободно време, порача Сталоне.

Нивните легендарни филмски ликови се појавија заедно со филмовите „The Expendables“ и „Escape Plan“.

Вил Смит го прекина молкот за брачната драма

Вил Смит сподели дрска порака игнорирајќи ја објавената бомба од сопругата Џејда Пинкет Смит.

Вил јасно даде до знаење дека нема да се меша во драмата откога Џејда минатата недела откри дека живеат одвоено од 2016 година и дека не биле маж и жена кога тој му удри шлаканица на Крис Рок на сцената на „Оскарите“ минатата година.

Смит сподели видео на кое се гледа дека е на брод и ужива. Неговиот телефон вибрира со низа нотификации, но тој го игнорира сето тоа, лежи со затворени очи. „Забавен факт за мене – можам да дремнам речиси секаде“, вели тој.

„Ги исклучив нотификациите“, напиша тој покрај видеото. Многумина мислат дека алудира на хаосот што настана по изјавата на Џејда.

Луѓето останаа збунети од реакцијата на Вил, во која се чини дека се шегува за статусот на нивната врска.

Тој сепак се обиде да биде посериозен во врска со бомбастичните откритија на сопругата Џејда во нејзините претстојни мемоари „Ворти“.

Во е-пошта до „Њујорк тајмс“ оскаровецот вели дека книгата, на некој начин, го разбудила.

„Кога сте со некого повеќе од половина од вашиот живот, настанува еден вид емоционално слепило“.

Џејда во интервју за Ен-би-си минатата недела откри дека таа и нејзиниот сопруг живеат одвоено во последните седум години. Џејда мислела дека шлаканицата е шега. „Помислив: ова е скеч, нема шанси Вил да го удри. Дури кога тргна назад кон своето седиште, сфатив дека не е скеч“, додаде таа.

Популарно