За 150 денари, си ќари 17.000 евра во кладилница

Кумановец добил 1.020.000 денари или 16.740 евра на спортска прогноза. И.С. (21) добивката ја остварил на две ливчиња, во кои вложил 150 денари.

Едното ливче од 100 денари му донело 170.000 денари, а второто од 50 денари 850.000 денари.

Тој за Кумановоњус, вели дека не е пасиониран играч на спортска прогноза. Уплаќа по 3-4 ливчиња месечно, колку за забава. Кога ги уплатил двата тикети на големи квоти во вторникот, воопшто не се надевал на добивка. Дури и ливчињата сакал да ги фрли, но во последен момент се одлучил да провери. Кога ги видел резултатите останал во шок.

Не ми се веруваше. Кога се прибрав од изненадувањето утврдив колкава сума сум добил. Пресреќен сум, - ни изјави Иван.

Видео: Македонецот Волкановски е нов светски шампион во УФЦ…

Македонецот со австралиски пасош, Александар Волкановски е нов светски шампион во перолесна категорија во престижната УФЦ-серија.

31-годишниот Волкановски, препознатлив како „Александар Македонски“, како што нарекуваат медиумите, синоќа во Лас Вегас го совлада еден од најдобрите во историјата на овој спорт, Макс Холовеј.

Волкановски доминираше во текот на целиот меч и на крајот победи со едногласна одлука на судиите. Роден Шелихарбор во Нов Јужен Велс, додека неговиот татко е од пелагониското село Беранци од каде на 15-годишна возраст се преселил во Австралија.

За шампионскиот појас дојде во можност да се бори откако претходно имаше 17 триумфи во низа во октагонот, од кои седум беа во најдобрата на светот во мешани боречки вештини, УФЦ-серијата.

Наскоро првото овосезонско „Ел Класико

Идната среда ќе се одигра  првото овосезонско „Ел Класико“  кое требаше де се одигра во октомври, но поради големите нереди во Каталонија истото беше одложено за 18 декември, Барселона ќе биде домаќин на Реал Мадрид. 

Но, ниту сега ситуацијата во каталонската престолнина не се подобри, протести има на секоја улица, па тамошните медиуми веќе започнаа со шпекулации за евентуално ново одложување. Наводно, од Реал посочиле дека нема да отпатуваат за Барселона, доколку домаќинот не им гарантира за нивната безбедност. 

На оваа тема утрово прес-конференција имаше министерот за внатрешни работи на Каталонија, кој откри дека ќе бидат ангажирани дури 3.000 специјалци за овој дуел да мине без никакви последици.

Големото дерби меѓу лутите ривали е закажано за в среда со почеток од 20:00 часот.

Голманот на Вардар не „издржа“ и се придружи на навивачите

После завршувањето на денешниот натпревар  со Шкендија голманот на Вардар, Филип Гачевски се придружи на навивачите на Вардар на западната трибина .

Заедно го прославија епитетот есенски првак за Вардар и разликата од 8 бодови пред Шкендија, иако денеска Вардарци можеа да имаат и недостижни 11 поени.

Популарно