Џаро: „Прв пат ја измамив мојата мајка, а подоцна дури и на професорите им местев жени“

Кралот на местењето Џаро открива се за местенките во спортот!

Лично имам наместено повеќе од 80 натпревари. Прв пат ја измамив мојата мајка, а подоцна дури и на професорите им местев жени.

Менаџерот Велибор Џаровски – Џаро, е познат како „крал на местенките“ во порнаешна Југославија, Европа како и низ целиот свет. Тој има дадено премногу интервјуа каде јавно говори како наместил 80 фудбалски натпревари од југословенската фудбалска лига.

Џаро е познат и како менаџер на Здравко Чолич, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевич, Бјело Дугме и други естрадни ѕвезди, но никогаш не сокрива дека главната мотивација му се парите. Во разговор за спрскиот Телеграф, Џаро отворено говори за луѓето со кои соработувал, зошто има наместено фудбалски натпревар со резултат 134:0, како завршил во затвор во Сплит поради наместени 23 натпревари и открива дека секаде во светот и понатака се местат фудбалски натпревари. Џаро тврди дека знае многу за разни местенки, но веќе не е „заштитен“ како некогаш.

– Не знам се бидејќи сум далеку од Белград, веќе 7-8 години, кога бев таму знаев за сите местенки што се случуваат. Јас немам веќе здравје а ни години за притвор и други глупости, а го нема веќе ни стариот Белград да каже: „Не го пипкајте Џаро“, затоа што бев заштитен како мечка.

Сите местеа, но Звезда најмалку

Приказната која е најдрага за Џаро – местење во старата Југославија, за која Џаро како одговори дека сите местеле натпревари. Џаро запрашан дали во местењето биле заплеткани и великаните Црвена Звезда, Партизан и Динамо Загреб, тој искрено одговори:

-Звезда најмалку местеше, затоа што Звезда и немаше што да мести. Тие имаа најдобар тим во Европа.

За се постои цена па така за различни натпревари имаше различни цени.

– Се зависеше од тоа дали се работи за опстанок, прво место, Куп на УЕФА, Куп на шампиони. Најмногу се плаќаше за Куп на УЕФА и за опстанок – говори Џаро, и додава со какви мерки пристапувале одредени моќни луѓе и политичари за натпреварот да заврши со резултатот кој они го замислиле:

– Македонија беше исклучена од струја, додека Вардар не и даде бод на Приштина, па ние моравме да дадеме бод за Македонија да има струја. Така одредени политичари градеа политички кариери, а Приштина тогаш остана во лигата. Интересно е тоа како ние станавме прваци на Светското првенство во кошарка во Љубљана. Тито тогаш беше во ложата, а Стане Доланц наместо да ги праша играчите дали им треба некој пешкир или сок, тој трчаше кон кабинетот на судијата, изврши притисок и ние станавме светски прваци. Тоа беше лажирање, говори Џаро и додава дека постоеле чести притисоци од „врвот“.

Прво ја измамил родената мајка, завршување во средно, па се останато…

Џаро почнал со ситни измами, кога својата фамилија ја навел да поверува дека неговата мајка добила автомобил – популарното „Фичо“.

– Тогаш постоеше наградна игра, „Филтер Југославија“ беа најпродавани цигари низ цела Југославија. Мојата мајка ги пушеше овие цигари, а во нив се паѓаше „Zastava 750“ (популарното Фичо), и јас напишав: „Вие сте добитник на Zastava 750 и ја подметнав кутијата цигари на мојата мајка. После два часа ги видов во дворот како се радуваат сите и планираат каде ќе биде гаражата, па ми рекоа: „Фичото ќе го вози само сестра ти, ти нема да смееш, ти си луд“. Целата измама ја смислув во сабота за да неможат да проверат дали кутијата цигари е навистина добитна. Кога ме открија во понеделникот, дојдоа и ме прашаа дали е тоа мое масло, а јас им одговорив: „Нормално дека е мое, чие би било иначе? А вие мислевте да и го дадете на мојата сестра да го вози, а мене не?! – низ смеа кажува Џаро.

Џаровски тврди дека умеел и на професорите од средно да им намести свадби.

-Наместив и да завршам средно училиште. Наместив да положам кај професорот кај кого требаше да полагам, затоа што го оженив за една моја соученичка. Го повикав кај мене и му реков: „За ова што те женам со неа, да ми ги наместиш прашањата“, а он ми рече да го изберам првото ливче од лево. Доаѓам јас на испит, го одбирам првото ливче од лево, а професорот во тој момент го дува носот. Го отварам ливчето и гледам не се истите прашања, па ја прашувам комисијата дали може да ги сменам прашањата, а они да ми дадат една оцена помалку. На моето прашање една од професорките одговори: „Ти не знаеше ни за двојка, а сакаш оценка помалку?“. Овој мојот професор тогаш го бришеше носот бидејќи ливчето беше прво од неговата лева страна не мојата. Го земав тоа ливче и почнав да зборам како Радивоје и Марко Маркович, а они ми „залепија“ една шлаканица и ми кажаа: „Мрш пи**а ти материна, четири години не знаеше ништо, а сега одеднаш збориш како коментатор“.

Велибор местел дури и „хуманитарни концерти“ за да ги исплати своите коцкарски долгови и парите кои ги губел по коцкарниците, па во една прилика одлучил да ги измами и големите ѕвезди на поранешна Југославија.

– Јас изгубив многу пари во казиното „Авала“ во Црна Гора, а таму на Видиковец во Бечичи тогаш пееа Јасна Злокич, Маја Оџаклиевска, Здравко Чолич, Даниел, група Макадам итн. Собрав манекенки и пријатели да ми помогнат, а само Маја знаеше за што се работи. Им реков да направиме еден хуманитарен концерт таму каде што се гради „Стара Будва“ бидејќи на тоа место паднала цигла и усмртила еден работник, а децата останале сираци. Тој што настрадал од циглата всушност бев јас, а тоа беше „цигла од рулетот“. Направивме концерт, па дојдоа политичари и донираа пари. После концертот им кажав на пеачите за што се работи, а нивните пари подоцна им ги вратив – искрено завршува на крајот Џаровски.

Повеќе пати во затвор

Џаро иако бил добро заштитен, неколку пати бил апсен поради фудбалски местенки.

– Три пати бев во затвор поради фудбалот. Тогаш беше аферата „Тетекс“ во која беа притворени 42 лица, али затоа и „Сплитска афера“ за која ме обвинуваа за наместени 22 натпревари, а реално беа 23. Тогаш судијата не сакаше никако да праша за натпреварот Хајдук – Слобода (1:1), бидејќи како што рече, „сакал слободно со децата да излезе на Рива“. Не сакаше да се збори за тој натпревар, а како што го слушнав тоа утро рече: „Зашто да го чепкам за тој натпревар, кога веќе имам други 22?“.

Како што кажува Џарович, „за цело апсење крив бил Миодраг Антонијевич кој до неодамна бил советник на тренерот Роберт Просинечки и претседателот Владан Лукич во Црвена Звезда.

– Следната ситуација беше: главен тогаш беше Љубо Шпањол, Антонијевич и Милорад Косанович, некогашен тренер на Звезда, тогаш беа курири во Белград, а јас во Скопје. Антонијевич све ни спреми, но заборави дека во кавгата со сопругата, заборави од торбата да ги извади акцептните налози, чекови и ваучерите со потпис на Љубе Шпањол. Јас немав каде, бев храбар и го спасив. Но да бидеме поштени, третиот ден во затворот дојде покраинскиот секретар на Војводина со црн Мерцедес, а на сите ни е јасно зошто дојде. – ги опишува деновите во затворот Џаро.

Фудбалски натпревар 134:0, Ракометен натпревар 0:0!

Џаровски го обвинуваа за 22 натпревари, но он низ цела поранешна Југославија гордо се фалел дека наместил преку 80 натпревари на разни начини.

– Постои разлика помеѓу местење и лажирање. Местење е кога учествуваат двата клуба, а лажирање е она кога некој играч ќе направи црвен картон, друг пенал, голманот ќе пушти гол или автогол. И во едната и во другата ситуација најбитна е „црната ташна и парите“.

Најпознатото местење на Џаро е во нашата македонска четврта лига помеѓу Лескоец – Велгошти, која е одиграна во 1971 год., а завршила со резултат од 134:0, и еден второлигашки ракометен натпревар кои завршил со резултат 0:0.

-Морав да го направам тој резултат 134:0, зошто се плашев дека некој друг ќе направи поголем, па со оглед на тоа што другите наместија резултат од 96:0, јас морав да се осигурам и да направам поголем од нив.

Организирал многу фудбалски местенки и лажирања како и преку 5000 концерти, но ништо од тоа не му е важно во однос на еден фудбалски успех.

– Живеев во две нормални држави во цела Југославија, и тогаш бев прв во својата работа. Мене не ми се најголеми успеси Здравко Чолич, Горан Брегович, Тереза Кесовија, Мишо Ковач, Бора Чорба, и кој знам друг… Мене најголемиот успех во кариерата ми е Слога Југомагнат во периодот од 1996 до 2001. Освоивме два купа и три првенства во Македонија. Слога Југомагнат е она што е Чукарички за Србија – Џаро сликовито го опишува својот успех.

Не „Европол“, туку „Еврофол“! Во Нион се мести се.

Запрашан за случувањата и местењата кои ги исфрли „Европол“, Џаро објаснува:

„Не е тоа Европол, туку е ЕвроФОЛ“. Сите тие се измамници, нема ништо од тоа. Сега треба да ги тужат сите светски кладилници, затоа што они со овие информации ги оштетија за стотина милијарди евра. Тоа е полоша информација одколку некоја здравствена установа да објави: „Се шири епидемија од смртоносна болест“, зошто главното занимање на Балканот е кладилницата. Тоа е една голема дезинформација. Тука единствено може да настрадаат оној судија будала Унгарецот што досуди 4 пенали и голманот Полексич.

– Не гласавме ние за Катар да го добие Светското првенство туку ФИФА и УЕФА. Они прво треба да си го проверат „своето семејство“, да истражат и да го санкционираат. Но, нема да биде ништо од тоа бидејќи со тоа они сами себе би се сместиле во затвор. – изјавува контроверзниот менаџер.

Велибор Џаровски изјавува дека и денес сеуште се местат натпревари во националната лига во Србија, а сигурен е дека тие натпревари најмногу ги мести еден Босанец кој е косопственик на клуб од српската прва лига.

Хајдук никогаш неможе да биде првак. Наместена и Лигата на Шампиони.

Џаро проговори и за градовите Нион и Женева каде се влечат паровите за Лигата на Шампиони и Лига Европа, каде објаснува како тоа функционира.

– Сум бил таму пет пати, затоа што пет пати учествував со свој клуб во Европа. Тоа може да го намести и дете од 10 години. Што да ви кажам кога топчињата во кои се наоѓаат на пример Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Барселона, се разликуваат од другите, и они автоматски можат да ги заменат.

До неодамна Џаровски збореше дека дека неодамнешните натпревари од Лигата на Шампиони, Дортмунд – Марсеј (2:3) и Динамо Загреб – Лион (1:7)

– Се разбира дека се наместени. Тоа го знаат и малите деца. Лион лесно даде шест гола во второто полувреме, Марсеј тогаш постигна два брзи голови против Дортмунд за да оди понатака, а Олимпијакос испадна. Џаро напомена дека Вида (Домагој) им намигнувал на противничките играчи и го дигал палецот горе кога да дадат гол.

Џаро отсекогаш говорел дека Хајдук од Сплит никогаш нема да биде прв во Хрватска.

– Хајдук може да биде прв само под три услови. Прво, Здравко Мамич да се откаже од фудбалот. Второ, Хајдук да има некоја своја локомотива како што има Динамо Загреб, или трето, јас да бидам директор, а бидејќи ниеден од овие три услови неможе да се исполни, Хајдук никогаш нема да биде првак во Хрватска, изјавуава Џаро кој порано беше нарекуван „македонскиот Мамич“.

– На сите им местев девојки. И на политичарите, кои ми даваа помилување, а да не зборам за судиите. Имаше многу интересни моменти, но многу повеќе имаше работа со пари – заклучи Џаро во бурната исповед за српскиот портал.

Човеков е права легенда.Убаво објаснува за местенките и дека ФИФА и УЕФА се замешани во сите местенки.Во право е и за Мамиќ додека не се тргне тој човек од Динамо и воопшто од фудбалот во Хрватска Хајдук никогаш нема да биде шампион.

Подгответе се за спектакл во СЦ „Јане Сандански

Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“. По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи.

Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е единствен во регионот и препознатлив глобално.

Од соработки со уметници како Дино Мерлин, Цоби, Џала Брат и Буба Корели, Раф Камора, до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена. Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината, бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и понатаму доминираат на топ-листите.

Организацијата ја потпишува SKYMUSIC продукција, а публиката во Скопје ја очекува продукција на светско ниво – моќен звук, силна визуелна режија и сценски дизајн што го следи секој ритам и емоција на нејзиниот автентичен израз. Тоа ќе биде концерт кој ја потврдува Сенидах како една од најхрабрите и најдоследни авторки на денешната регионална музика.

Влезниците за концертот на Сенидах почнувајќи од денес се достапни преку бесплатната апликација eFinity и преку платформата Wayin.mk.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, денеска вашата иновација доаѓа до израз. Размислете за нови идеи и стратегии кои можат да го подобрат вашиот бизнис. Фокусирајте се на романтичните моменти со саканата личност. Покажете ги вашите чувства и бидете искрени. Внимавајте на вашиот имунолошки систем. Витамините и здравата исхрана ќе го зајакнат вашето тело.

Бик

Бикови, денеска фокусирајте се на долгорочните цели на работа. Поставете јасни цели и работете постепено за да ги постигнете. Бидете внимателни со саканата личност. Покажете интерес за нивните емоции и потреби. Внимавајте на очите. Редовните паузи од екраните и вежбите за очи може да го подобрат вашиот вид.

Близнаци

Близнаци, бидете трпеливи и тактични во деловните преговори. Дипломатијата ќе ви помогне да ги решите конфликтите на работа. Денес е добар ден за комуникација. Разговарајте со саканата личност за вашите очекувања и планови за иднината. Внимавајте на дишните патишта. Вежбите за дишење и престојот на свеж воздух ќе ви ја подобрат виталноста.

Рак

Ракови, денеска е поволен ден за преговори за зголемување на платата или дополнителни бенефиции на работа. Бидете храбри и изнесете ги вашите аргументи. Поминувајте повеќе време со саканата личност. Романтичните гестови ќе ја зајакнат вашата врска. Внимавајте на вашето емоционално здравје. Медитацијата и релаксацијата ќе ви помогнат да се справите со стресот.

Лав

Лавови, вашата посветеност и работна етика ќе ве издвојат на работа. Бидете фокусирани на вашите задачи. Денеска бидете внимателни кон саканата личност. Покажете ја вашата чувствителност и изразете ја вашата љубов преку мали гестови на внимание. Внимавајте на срцето. Редовната физичка активност ќе ја подобри вашата срцева издржливост.

Девица

Девици, бидете организирани и почитувајте ги роковите на работа. Ефективното управување со времето ќе ја подобри вашата продуктивност. Денес фокусирајте се на разбирање на саканата личчност. Емпатијата ќе ја зајакне вашата врска и ќе создаде хармонија во љубовта. Внимавајте на мускулите. Редовните вежби за истегнување ќе ја подобрат вашата подвижност.

Вага

Ваги, денеска е добар ден за размена на идеи со колегите. Креативната соработка ќе донесе нови перспективи на работа. Бидете отворени за компромиси во врската. Разговарајте за проблемите и наоѓајте решенија заедно. Внимавајте на сонот. Добриот одмор е клучот за враќање на вашата енергија.

Скорпија

Скорпии, бидете храбри и изразете ги вашите креативни идеи на работа. Вашата иновација ќе биде ценета. Ве очекуваат страсни моменти. Уживајте во интимните моменти со саканата личност и изразете ги своите фантазии. Внимавајте на вашиот имунолошки систем. Витамините и здравата исхрана ќе го зајакнат вашето тело.

Стрелец

Стрелци, денеска бидете трпеливи и истрајни во деловните преговори. Дипломатскиот пристап ќе ви помогне да постигнете договор. Бидете искрени со саканата личност. Отворената комуникација ќе ја зајакне вашата врска. Внимавајте на стомакот. Избегнувајте тешка и мрсна храна за да го одржите вашето дигестивно здравје.

Јарец

Јарци, денеска ќе се забележи вашата посветеност на работата. Бидете упорни во остварувањето на целите на работа. Денеска е ден за романтични состаноци. Поминете квалитетно време со саканата личност и изразете ја својата љубов. Внимавајте на коските. Внесувањето на калциум и редовното вежбање ќе ги зајакнат коските.

Водолија

Водолии, бидете отворени за нови идеи и предлози од колегите. Тимската работа ќе ве доведе до заеднички успеси. Внимавајте како се однесувате со саканата личност. Покажете ја вашата благодарност за поддршката што ја добивате. Внимавајте на сонот. Квалитетниот одмор ќе ви ја подобри енергијата и расположението.

Риби

Риби, денеска фокусирајте се на долгорочни цели. Вашата посветеност ќе ве доведе до успех на работа. Денес е ден за длабоки разговори со партнерот. Отвореноста и искреноста ја зајакнуваат вашата врска. Внимавајте на вашето емоционално здравје. Медитацијата и релаксацијата ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.

Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили

Американскиот глумец Мет Лебланк целосно ѝ се посвети на својата нова работа – водење салон за користени луксузни автомобили во Лос Анџелес.

Комичарот никогаш не ја криел својата страст кон автомобилите, па го водеше и британското ТВ-шоу „Топ гир“ (Top Gear) од 2016. до 2019 година, кога се врати во САД за да биде со своето семејство.

Сега тој оди чекор натаму, вложувајќи свои пари во специјализиран автосалон наречен „РПМ моторкарс“ (RPM Motorcars). Компанијата нуди луксузни и спортски автомобили, т.е. пронаоѓање ретки модели за богати клиенти.

Meѓу тие клиенти, наводно, бил и неговиот близок пријател и колега од ТВ-серијата „Пријатели“, глумецот Метју Пери, со кого ја делел љубовта кон автомобилите од високата класа. Лебланк, се чини, го прави овој бизнис и семејна работа, бидејќи и неговата 20-годишна ќерка Марина е видена неколкупати во салонот последниве неколку недели, понекогаш и во маичка со логото на компанијата.

Лебланк, според гласините, прави пауза од својата филмска кариера. Последната улога му беше онаа во хумористичната ТВ-серија „Човекот со план“ (Man with a Plan), којашто се прикажуваше од 2016. до 2020., како и во специјалното издание на „Пријатели“ од 2021 година, кога и самиот рече дека „одвојува малку време за себе“.

Засега нема нови улоги.

Популарно