Министерство за Транспорт и врски: Пишувајте на „Северномакедонски јазик“

Во документ за проект од Министерството за транпсорт и врски, исчезна македонскиот јазик. 

Во документите подолу, можете да видите дека министерството вели дека сите документи треба да бидат доставени на „Северномакеоднски јазик“!

ФОТО: Џенифер Лопез со нов изглед

Џенифер Лопез се чини што и да промени во својот изглед, секогаш е прекрасна. Таа очигледно е кралица во многу разни области во својот живот. Таа е мајстор за танцување, иконска пејачка и актерка, а изгледот го менува на секој настан на црвениот тепих на кој оди.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

These guys...doing what they do... #fambam

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Но, настрана сето тоа, таа постојано убива со својата убавина, особено кога станува збор за нејзината коса, пишуваат таблоидите.

Неделава на Инстаграм, Џеј Ло ја покажа својата нова фризура пред доаѓањето на зимата и фановите беа пријатно изненадени од нејзиниот нов изглед со светли прамени.

ВИДЕО: Лемур се нурна во деколтето на згодната „Плејбој“ зајачица

Френсија Џејмс на Инстаграм сподели видео на кое се гледа лемур како ја турка главата меѓу нејзините гради. Снимката собра повеќе од 400.000 прегледи за само два дена, како и бројни реакции.

Колумбискиот модел посети засолниште за животни на Флорида, а за време на посетата се обиде да се фотографира со симпатичен лемур на рамото. Но, наскоро љубопитниот лемур сакаше да ја искористи ситуацијата. „О, Господе, што правиш? Што да правам сега?“, вели моделот во видеото.

Таа ја сподели снимката со нејзините над 3,2 милиони обожаватели на Инстаграм кои прашуваат дали лемурите се навистина толку непослушни.

„Не гледам проблем, лемур има вкус. И јас би го сторил истото“, е само еден од коментарите. Но, многумина ја критикуваа поранешната Плејбој зајачица велејќи дека таа се сликала само за да стане повторно популарна на Инстаграм , како неодамна кога само ги шокирала купувачите во трговски центар, кога правела склекови со мал алигатор на грбот.

„Елва“ е новиот автомобил од Мекларен

Мекларен му го откри на светот својот нов спортски автомобил „Мекларен Елва“ со две седишта, но без шофершајбната. Производителот тврди дека на возилото нема да му треба, благодарение на неговиот умен Активен систем за управување со воздухот.

Кога Елва патува над 40 километри на час, системот го насочува воздухот низ носот на автомобилот пред да биде испратен – од предната обвивка со голема брзина пред патниците. Тогаш е насочено над кабината за создавање релативен „меур на смиреност“. Благодарение на овој воздух кој делува како штит, воздух кој доаѓа е насочен околу автомобилот, а не директно кон патниците.

Кога автомобилот патува под 40км/ч, протокот на воздух патува во радијатори со ниска температура за да го засили излезот на моторот и да го лади маслото.

Но што ќе се случи доколку автомобилот се преврти? Дали ова значи сигурна смрт за патниците? За среќа не, бидејќи систем за заштита од превртување е инсталиран во автомобилот за да ги заштити оние што се внатре.Металните шипки ќе се распоредат од задното патничко седиште веднаш штом автомобилот открие дека ќе се преврти.

Супермобилот „Елва“ е придвижуван од 804 коњски сили со турбо-V8 мотор и достигнува од 0-100 километри на час за помалку од 3 секунди. Исто така може да достигне неверојатни 200 километри на час за само 6,7 секунди. Мекларен потврди дека Елва е најлесниот автомобил досега направен од производителот на автомобили со седиште во Вокинг.

Ако сакате да купите еден од овие футуристички автомобили, тогаш ќе ве чинат 1.5 милиони евра. И, ако сте загрижени да ги соберете средствата, подобро е да бидете брзи, бидејќи ќе бидат направени само 399 од овие возила. Првите возила се очекува да бидат испорачани кон крајот на 2020 година.

Популарно