Интересен тест

Вообичаено луѓето имаат свои  специфични карактеристики,  понекогаш тие карактеристики може да се видливи за другите, но непознати за нас самите. Ако сакате подобро да се запознаете себеси, направете го овој тест и откријте некој скриен аспект на вашата личност.

Погледнете ја сликата… Што прво забележавте на неа? Вашиот одговор може да ви открие нешто за вашиот карактер, за коешто ни самите не сте свесни.

Харфа

Имате големо срце и секогаш правите нешта за другите. Понекогаш сте екстровертни, љубезни, дружељубиви, а друг пат интровертни, внимателни, резервирани. Сметате дека е стресно кога сте предолго време сами, па затоа најмногу сакате да бидете опкружени со пријателите, бидејќи така ја добивате својата енергија. Некои од вашите аспирации се прилично нереални. Сигурноста е еден од вашите главни цели во животот. Имате силна интуиција и сте доста внимателна личност.

Женско лице

Вие сте добар проценувач на карактери и имате силна волја. Се гордеете со тоа што сте многу добри во работата со луѓе, пред сѐ бидејќи знаете на кому да му верувате, а кому не. Многу сте блиски со своите најдобри пријатели и тие се едни од ретките личности со кои се чувствувате удобно. Никогаш не се чувствувате целосно опуштено разговарајќи со нови луѓе, па понекогаш кога треба да разговарате еден на еден дури и со луѓе кои ги познавате, може да ви биде незгодно и чудно. Исто така, вие имате доста голема самодоверба и се борите за тоа што знаете дека го заслужувате.

Небо

Добар лидер со енергизирачки ефект врз луѓето… Вие сте личност со која другите сакаат да поминуваат време – им давате енергија и се чини како на тој начин тие духовно да се хранат. Исто така, вие сте популарни и ги водите другите – за вас таквата положба е природна бидејќи луѓето ви веруваат и секогаш ве слушаат. Но, вие не сте толку сигурни во себе како што повеќето луѓе мислат и често се сомневате во себе. Тоа го знаат само вашите најблиски пријатели, бидејќи однадвор е тешко да се забележи. Многу внимание посветувате на деталите и внимателно ги испитувате важните прашања без да се потпирате на среќата која би ви помогнала во нивното решавање.

Видео: „Чуден некој народ Јапонциве“

Главниот град во текот на целата година е посетуван од многу странски туристи кои се чини дека при доаѓањето во нашата земја добро се „подготвуваат“ и со музички знаења…

На социјалните мрежи се појави видео од распеани туристи од Јапонија, кои на плоштадот “Македонија” во Скопје играат оро на „Македонско девојче”.

Видеото за кратко време стана вирално и доби голем број позитивни коментари.

Погледнете го овој несекојдневен настан

Уживаат во сите „пороци“, а живеат и по 100 години!

Во јужна Италија се наоѓа селото Ачароли, кое  стана познато по големиот број на возрасна популација и покрај пушењето и дебелината, а токму нивната долговечност е загатка која ги збунува научниците - во што се крие нивната тајна?

Поминале повеќе од 4000 години откако Гилгамеш, кралот на Урок, тргнал во потрагата за бесмртноста. Уште од тогаш човечката фасцинација со вечниот живот, или барем што подолго е можно, не се намалила.

Научната заедница уште троши големи пари и ги анализира факторите кои допринесуваат за подолг живот, а токму затоа ги привлекла малата италијанска заедница каде повеќето жители добро живеат во својата 10 деценија од животот пред смртта.

Ачароли се наоѓа во покраината Кампанија, околу 140 км јужно од Наполи.

-Бев на плажа во Ачароли и видов луѓе во 90-тите години од животот како уживаат сончајќи се на плажа и пушат, додека нивните стомаци изгледаат како да се во деветиот месец од бременоста-рекол американскиот кардиолог Алан Мајсел за Њујор пост.

Ова се противело на се во што верувал, но и ги учел другите со години - за долг живот внимавај на линијата, избегнувај ги пороците и сонцето. Луѓето од Ачароли, од друга страна живеат во контраст со овие правила, но стареат импресивно. Во селото има околу 2000 жители од сите возрасти, а меѓу нив се и 300 од нив кои живеат подолго од 100 години и дури 20 отсто од оние кои го прославиле 110 - от роденден - па и повеќе.

Освен тоа, Мајсел со своите колеги направил истражувања кои докажуваат дека имаат мала стапка на заболени од Алцхајмер и срцеви болести - и покрај сите оние цигари и вино. Големата студија со која се истражува долговечноста на тие луѓе сега е во завршна фаза, а научниците се надеваат дека генетските тестирања ќе откријат нешто што би можело да им биде од полза на сите луѓе ширум светот да живеат подолго.

Во текот на своето истражување, Мајсел открил некои интересни траги кои секако имаат значаен дел во нивната долговечност. Овие две намирници многу често ги конзумираат сите жители на селото и би можело да се каже дека се база на нивната исхрана. Рузмаринот научниците потврдено го поврзуваат со редукцијата на ризикот од Алцхајмерова болест подобрувајќи ги функциите на мозокот и меморијата.

Сардините од друга страна се рибји лек за сите видови воспаление во ќелиите на телото. Исто така масилново масло јадат со се, а чаша вино се пие со секој оброк. Старците на Ачароли не учат јога, но поголем дел од времето го поминуваат на отворено - движејќи се и дружејќи се. Животот е малку поопуштен, а стресот кој модерната медицина го нарекува токсичен таму скоро и да не постои.

Популарно