Машински Факултет Скопје издаде соопштение во врска со учеството на меѓународна изложба во Кореја и постигнатиот огромен успех, помеѓу другото наведуваат:
„Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ кој е остварен од страна на нашите студенти: Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со вон. проф д-р Иле Мирчески и дип. маш. инж. Тошко Ристов на 12-та по ред меѓународна изложба „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја во периодот од 20 до 23 јуни 2019, во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA и поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO се здоби со следните награди:
- Златен медал од страна на Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област
- Златен медал со диплома од страна на Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија
- Диплома за најдобар пронајдок од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.
Честитки за македонските иноватори.