Пипо Инзаги за денеска има само една желба

Денеска на програмата на италијанската Серија А, тимот на Болоња  ќе го пречека Лацио во натпревар кој ќе привлече големо внимание и поради можното враќање на клупата на Синиша Михајловиќ.

Михајловиќ посакал да седи на клупата за пресметката со „неговиот“ Лацио, меѓутоа засега докторите се уште немаат донесено конечна одлука дали ќе му дозволат да седи 90 минути покрај аут линијата.

За целата ситуација коментар даде и тренерот на Лацио и многу добар пријател на Михајловиќ, Симоне Инзаги.

– Моето мислење за Синиша? Пред се голем борец, сигурен сум дека ќе победи во оваа битка. Тој е мој драг пријател и мислам на него често. Кога прв пат стигнав во Рим ми помогна многу за да сесместам во градот. Заедно поделивме многу прекрасни победи. Ако не го прегрнам сега, тоа сигурно ќе го сторам на реваншот на „Олимпико“-изјави Инзаги.

Начевски и Николов ќе го судат неделното финале.

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија најдобра потврда за квалитетната арбитража на актуелното Европско ракометно првенство, со информацијата дека ќе го судат неделното финале.

Финалето ќе се игра во Стокхолм, а претставува прво големо финале за Начевски и Николов, кои изминатите сезони судеа на сите големи репрезентативни натпреварувања и ракометната Лига на шампиони.

Утрешните полуфинални средби им се доделени на Хорачек и Новотни од Чешка (Шпанија-Словенија), односно Ралуј и Сабросо од Шпанија (Норвешка-Хрватска).

Видео:Го „реши“ за 40 секуди

Доцна синоќа Конор Мекгрегор  се врати во октагонот со стил, тој успеа за само 40 секунди да обезбеди технички нокаут над Доналд „Каубој“ Серон и да најави дека „кралот“ се враќа на врвот.

Во првиот меч за „Ноториус“ по поразот во четири рунди од Хабиб Нурмагомедов пред 15 месеци, Ирецот се соочи со УФЦ легендата Серон, и веднаш на стартот, Мекгрегор се обиде да го погоди противникот со левицата, по што двајцата влегоа во клинч, а Мекгрегор со рамото му го скрши носот на Серон

Серон очигледно беше во дефанзива, а Мекгрегор „намириса крв“ и со низа удари предизвика судијата Херб Дин да го прекине мечот по само 40 секунди.Со оваа победа, Мекгрегор си „отвори“ многу врати, од која една опција е дуел со Хорхе Масвидал кој беше во првиот ред во „Т-Мобиле арената“, како и долгоочекуваниот ри-меч против Хабиб

Диви се врати дома

Ракометниот клуб Тинекс Пролет успешно го комплетираше трансферот на  македонски репрезентативец, Петар Ангелов.

Искусниот Ангелов се враќа назад на македонската ракометна сцена, доаѓајќи од германскиот Ратинген. Oд неколкуте понуди на негова адреса ја избра токму онаа на нашиот клуб. Ангелов потпиша договор со Тинекс Пролет на една и пол сезона.

Ангажманот на овој ракометар на најдобар можен начин ги отсликува амбициите со кои тимот ќе влезе во вториот дел од сезоната. Тинекс Пролет е отворен за ангажман на допополнителни засилувања во наредниот период. Големо освежување ќе биде и враќањето на Александар Василевски по тешката повреда на коленото, со што ќе биде засилена бековската линија во ростерот.

Петар Ангелов ја почна професионалната кариера во 1997 година во Тиквеш. Потоа тој настапуваше и за Пелистер, Вардар и Металург на домашната сцена, а има настапувано и неколку земји ширум Европа, за Трембле во Франција, Анталија во Турција, Кремс во Австрија и Ратинген во Германија.

Популарно