Жителка од Мелбурн (Доли Рубиано) после претстојот во мала куќичка на тркала кој толку многу ѝ се допаднал така што таа одлучила да купи една и да се всели во неа.
Доли потрошила вкупно 65 илјади долари во простор од само 17 квадрати и го уредила домот од соништата кој ги воодушеви луѓето од целиот свет.
53-годишната Доли на својата куќа ѝ направила и Инстаграм профил со име “tinymissdollyonwheels“ кој моментално го следат речиси 94 илјади луѓе.
За уредувањето на оваа нејзина куќичка потребни ѝ биле 10-тина денови, во куќата има сè што ѝ е потребно за живот: целосно функционална кујна, две соби и плакар.
„На крајот на денот сè сè сведува на тоа како се чувствувам. Испробав неколку вакви куќи на тркала за да го добијам потребното чувство за тоа дали можам да живеам во толку мал простор, а да не полудам“ – изјавила Доли.
На горниот кат од куќата постои простор за спиење, а на долниот кат се сместени кујната и тоалетот.