Видео:Путин доби честитка за роденден од Холивуд

Жители на Лос Анџелес објавија фотографија од неидентификуван авион на кој на   небото над Холивуд „исцрта“  #VVP67, што според „толкувањето“ на корисниците на социјалната мрежа, било роденденска честитка за рускиот претседател Владимир Путин.

Во видеото се гледаат првите иницијали на рускиот претседател на  VVP-ВВП - Владимир Владимирович Путин, додека 67 претставува број на години што ги наполни вчера рускиот претседател.

Еден корисник објави видео на кое се гледа како честитката е направена од мал авион што кружи на небото.

Путин инаку го прослави својот 67 роденден во дивината, далеку од Кремљ, уживајќи во планинарењето во тајга со неколку свои сопартијци, пренесува Спутник.

На видеото и фотографиите објавени вчера може да се видат Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу како се качуваат на планини и собираат печурки.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#VVP67 or #VVPG7 #MERCURYRETROGRADE

A post shared by Preston Olivia James (@prestonoliviajames) on

Фото: Дали го препознавате?

Поранешниот пејач на групата „One Direction“, Зејн Џавад Малик, ги изненади своите  фанови со драматична промена на имиџот.

Зејн, кој инаку е познат по својата „разбушавена“ коса, објави на Инстаграм за да објави фотографија на која позира „исшишан“ нула. Иако доби многу комплименти, а фотографијат се допадна над три милиони луѓе, на некои фанови не им се допадна промената.

"Кој е ова?" некои се прашуваа во коментарите, додека други коментираа колку добро му одговара оваа фризура:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Zayn Malik (@zayn) on

Видео: Како се краде битолска столица!

Во текот утринските часови во петокот, околу 02.30 ч. од продавницата Тобако, сместена под безистенот во Битола, од страна на непознато лице е одземен стол, кој бил оставен и заборавен пред самиот дуќан.

Газдата на дуќанот упати апел доколку некој го познава човекот од видеото да му пренесе да дојде кај нив и да си го земе и другото столе пренесуваат од Маркукуле.мк

 

Ako go poznava nekoj cickoto neka mu kazi da dojdi ke mu go dajme i drugiot stol.

Posted by La Tobacco on Friday, October 4, 2019

Видео: Змија се „прошета“ на плоштад

На социјалните мрежи беше објавено видео од мала змија која денеска ги возменири граѓаните на плоштадот “Македонија” во Скопје.

Топлото време кое е невообичаено за овој период на годината е примамливо за влечугите сеуште да се движат наоколу.

Граѓани ја уловија змијата во шише која веројатно е водна, а потоа ја пуштиле на безбедно место.

Популарно