Покрената е постапка за заменичка на Боки 13 во Меѓународниот Сојуз

Доцна вечерва судија на претходна постапка донесе одлука за определување домашен притвор за Јасна Мандиќ, заменичка на Боки 13 во Меѓународниот Сојуз.

Обвинителството за организиран криминал бараше притвор.

За Фросина Ременски, Миле Јовановски и асистентката на Боки, утре ќе биде спроведен распит пред судија на претходна постапка, откако се повикани денеска да дојдат.

Според ОЈО за организиран криминал, вечерва се вршат претреси на локации, без детали зошто после толку време.

ФОТО: Кланот Кардашијан на црвениот тепих

Ким Кардашијан Вест и нејзините сестри Клои и Кортни се појавија на црвениот тепих непосредно пред доделувањето награди People Choice Awards 2019 во Лос Анџелес во неделата вечерта.

Ким (39), која неодамна изјави дека минатата година се поправила 8 килограми, ги истакна своите облини во змиски фустан од Версаче.

Кортни носеше впечатлив костум – горниот дел  само градник – додека Клои носеше отмен фустан со висок отвор.

Во забавата се вклучи и мајката, Крис Џенер. Девојките уживаа на црвениот тепих промовирајќи ја нивната соработка за новиот парфем.

Секси во змиски кожа: Ким Кардашијан, која неодамна откри дека е се поправила осум килограми минатата година, заблеска во фустан од змија – Версаче креација –  на наградите People’s Choice.

Еден килограм од „ова“ чини мало богатство

Во светот луѓето уште многу одамна ги дознаа и ги користат придобивките на магарешкото млеко, меѓутоа во Македонија домашното автохтоно магаре е пред исчезнување. Во почетокот на 20 век имаше повеќе магариња од коњи, а денес во македонските села магарињата може да се избројат на прсти.

Ги има само во посиромашните средини каде се користат претежно за носење на товар и за земјоделски работи. Во светот, пак, одгледувањето на магарици од кои се добива магарешко млеко е вносен бизнис. На пазарот еден литар магарешко млеко достигнува цена и до 35 евра, а некои видови сирења се продаваат по цена од над 1.000 евра по килограм.

-Одгледувањето на магариња станува доста примамливо за идните инвеститори во руралните средини, поради високата цена на деликатесните производи кои се добиваат од овој вид на копитари. Тврдото сирење кое се добива од млекото од магарица е деликатес и на пазарот постигнува цена и до 300 евра за килограм.

Исто така, како деликатес се употребува и месото од млади магариња кое се зрее и се јаде живо. Ова месо се продава по многу висока цена, а особено е барано на пазарите во Европа. Млекото од магарица ретко се користи сурово, бидејќи од него се добиваат врвни квалитетни сирења кои се продаваат по многу висока цена. Ова млеко е многу корисно бидејќи го содржи протеинот – казеин, вели за весникот „Вечер„ Благојче Веселиноски, советник на министерот за сточарство и ветеринарна медицина.

Во 2019 година МЗШВ направи измени во Законот за регистрација и идентификација на домашни животни и се донесе правилник за обележување и идентификација на копитарите со електронски емитер – чип. Со завршување на оваа постапка министерството ќе има увид во бројната состојба на копитарите во државата. Овој вид на идентификација ќе послужи и на ветеринарните служби за контрола и спречување на ширење на заразни болести.

Фото:Таа знае како да носи „кусо“ фустaнчe

 Актерката Лидија Вукиќевиќ е во 6-тата деценија  меѓутоа таа често знае да ги остави припадниците на посилниот пол без здив, а многумина се воодушевени од тоа колку таа совршено изгледа 

Таа на своите следбеници на Инстаграм им споделува фотографии од нејзиниот секојдневен живот, меѓутоа  неизбежно на повеќето ги покажува долгите нозе и виткото тело.

Така беше овој пат кога актерката реши да се фотографира пред огледалото на бањата. Лидија носеше прекраток фустан со принт кој ги истакнуваше нозете и бујните гради од длабокото деколте.

„Најдобрите се од бањата“, напиша Лидија Вукичевиќ под фотографијата што ја објави.

Популарно