Ибра потпишал за Милан

Сите шпекулации за тоа каде Златан Ибрахимовиќ ќе ја продолжи кариерата, се чини дека ги решил првиот човек на американската МЛС лига.

Комесарот на МЛС, Дон Грејбер, во интервју за ЕСПН рече дека Швеѓанецот потпишал договор со италијанскиот Милан.

Во последните неколку недели се шпекулираше дека Ибрахимовиќ ќе се врати во Серија освен  Милан, беа споменати градските ривали Интер и Болоња, а тој објави збунувачки клип во кој пишуваше: „Шпанија, ќе се вратам“.

Видео: Откриена „тајната“ на Барди

Еден од нашите најдобри фудбалери Eнис Барди ја игра третата сезона во Шпанија, Барди настапува  за екипата на Леванте.

Македонскиот интернационалец направи трансфер од Унгарија во Примера во 2017 година и се наметна како еден од подобрите поединци во клубот од Валенсија.

Во тековната сезона има запишано седум настапи, проследени со еден погодок во победата против Реал Сосиедад.

На шпанските медиуми денес се појави видео на кое се гледа како нашиот репрезентативец тренира и се подготвува за натпреварите и предизвиците во шпанската лига.

Сензација во салата Невена Ѓоргиева Дуња: Академија ФМП го победи Работнички

Академија ФМП му го нанесе првиот сезонски пораз на Работнички. Триумфираше со 87-83 во дуелот од петтото коло во домашниот кошаркарски шампионат и се погрижи да нема веќе непоразени екипи.

ФМП во третата четвртина која ја доби со 18-14 успеа да ја неутрализира предноста што во првото полувреме ја изгради Работнички, а во завршниот сегмент кој му припадна со 28-19  успеа да се избори за за првата победа во сезоната.

Даниел Начевски со 24 поени беше лидер во триумфот на ФМП, Лука Стојановски постигна 16 поени, а со 12 поени средбата ја заврши Роналд Харис. Кај Работнички, Данило Мијатовиќ имаше одлична партија со 37 поени, но не успеа да спречи пораз на неговиот тим.

Работнички останува на лидерската позиција на табелата со девет бода, колку што има и вотропласираниот МЗТ Скопје Аеродром. ФМП е претпоследен со шест бода.

Петтото коло во домашниот кошаркарски шампионат ќе биде комплетирано утре кога ќе бидат одиграни дуелите меѓу МЗТ Скопје 2 и Еуроникел и Гостивар – Кожув.

Популарно