Кој ќе биде судија во „Рекет“

Како што веќе објавивме Кривичен суд одлучи – на Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски ќе им се суди за обвинението од Вилма Русковска.

Бојан Јовановски ,  Катица Јанева и Зоран Милевски кои во моментов се наоѓаат во притвор во затворот во Шутка ќе седнат на обвинителна клупа за случајот во кој се гонат дека изнудиле 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев .

Обвинителниот акт е потврден од Скопскиот кривичен суд кој ги отфрли приговорите на тројцата обвинети а обвинителниот акт поднесен од Обвинителството за организиран криминал на Македонија е целосно одобрен и донесен на затворена седница на Судскиот совет за обвинението и без присутните странки.

Според соопштението, на тоа решение не било дозволено право на жалба, а откако ќе се формира кривично дело и ќе се избира судијата по електронски пат, ќе биде закажана јавна расправа.

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност можа да биде ваш шеф, родител или некој кој поседува моќна позиција, а можно е да биде личност од друга држава или националност. Ќе ви биде драго што ќе имате удел во решавањето на некој важен проблем.

БИК

На некој ваш колега или пријател му е потребна помош во решавањето на некоја задача. Ќе имате силно чувство дека морате да превземете важен чекор, вашиот пат ќе биде отворен во исполнувањето на сите цели.

БЛИЗНАЦИ

Денес ќе оставате позитивен впечаток на сите кои ќе ги запознаете, од вас ќе зрачи светла енергија. Ќе бидете позитивно влијание на сите околу вас. Ќе бидете мотивирани да ја остварите вашата долго замислена цел. Сите ќе ве обожаваат.

РАК

Ќе ви се допадне идеата да правите нешто поразлично денес затоа што ќе сакате да воведете промена во вашето секојдневие. Ќе ви се допаѓаат разговорите со личности од различни култури. Ќе имате силни мислења кога е во прашање политиката денес.

ЛАВ

Ако денес сакате да направите некоја поделба, ќе имате доста строги идеи околу тоа. Ќе бидете дарежливи кон сите страни. За крај сето тоа ќе ви биде од одлична корист и на вам затоа што добрите нешта ќе се враќаат и кон вас.

ДЕВИЦА

Денес ќе уживате во разговорите со некој ваш драг пријател или партнер, ќе чувствувате пријатна атмосфера во нивно друштво. Ќе чувствувате инспирација и наплив на идеи при решавањето на некој важен проблем. Верувајте и на вашата интуиција, ќе успеете да надминете се што ви стои на патот.

ВАГА

Денес одлично ќе соработувате во групи што вклучува состаноци и тимска работа на вашето работно место. Ќе посакате да воведете некои реформи за да направите подобрување. Бидете внимателни со партнерот и блиските пријатели.

ШКОРПИЈА

Искористете ја поволната енергија да се социјализирате со другите и да се вклучите во некои забавни активности со деца денес. Исто така ќе сакате да уживате во некоја уметничка активност или да бидете дел од некој креативен проект. Спортските активности исто така денес ќе ви одат од рака, ќе имате доста енергија за дружење.

СТРЕЛЕЦ

Денес ќе уживате во друштвото со пријателите и најблиските. Можеби ќе посакате да направите некои промени во домот. Организирајте забава и пријатна дружба со вашите сакани.

ЈАРЕЦ

Денес ќе чувствувате ентузијазам за нешто и ќе посакате да ги споделите вашите идеи со сите околу вас. Ќе настојувате да ги убедувате сите да го делат вашето мислење со вас, и тоа ќе ви успева.

(Видео) Снимката од необичното суштество ги избезуми луѓето

Американка која за време на прошетка во природа наишла на чуден вид суштество со долги екстремитети се обратила за помош на “TikTok”. Таа прашала дали некој знае повеќе детали за животното кое го пронашла во Невада.

Корисничката на “TikTok” со прекар “stinkyeyescrappy” го споделила видеото минатата недела, со прашањето дали нејзините следбеници знаат што би можело да биде ова “мало суштество кое наликува на гуштер”. 

Некои искоментирале дека личи на вонземјанин, додека други се шегувале дека станува збор за лик од “Star Wars”. Имало и такви кои се обиделе да пронајдат повеќе информации за животното на “Google”, но тоа не им успеало.

“Дали е ова реално? Пребарував на “Google”, но не успеав да најдам одговор”, искоментирал еден корисник. Видеото добило повеќе од половина милион лајкови, а го искоментирале повеќе од 16 илјади луѓе.

@stinkeyescrappy

Hopefully someone can help me figure out what this little creature is ##alien ##fyp

♬ Ameno hatsune miku - clod_boie

Некои се посомневале дека суштеството е вистинско и сугерирале дека станува збор за детска играчка. “Изгледа како еден од оние пластични гуштер кои се фрлаат на ѕид”, гласи еден таков коментар.

Популарно