Видео: Дејан со среброто од Токио доаѓа утре, ќе има славје пред „Порта Македонија“ во Скопје

Македонскиот освојувач на сребрен медал од Олимписките игри, утре се враќа во Скопје. Дејан Георгиевски кој се закити со сребро во таеквондо во категоријата над 80 килограми, утре на аеродромот во Скопје треба да слета во 14.30 часот, а во 19.30 часот, ќе има заедничка прослава пред порта „Македонија“ на плоштадот.

„Од срце ви благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри носам сребрен медал со златен сјај. Утре, четврток, ве повикувам кај порта „Македонија“ во 19:30 часот на заедничка прослава на овој голем успех“ – рече Георгиевски во видео обраќањето од Токио.

Повикот на Дејан може да ги видите ТУКА.

Сребрен медал за Георгиевски и Македонија во Токио

Дејан Георгиевски во финалето против првиот фанворит Владислав Ларин загуби со 15:9 и со тоа го освои сребрениот медал на Олимпијадата во Токио.

Ова е 14-ти медал за Македoнија во историјата на Олимписките игри, и само втор од независноста на Македонија.

Македонија има медал на Олимпијадата во Токио, Георгиевски се пласираше во финале

Во полуфиналето македонскиот таеквондист Георгиевски со 12:6 го победи Ин од Кореја, се пласираше во финалето на Олимпискиот турнир во Токио.

За противник во финалето ќе го има претставникот од Рускиот олимписки комитет, Владислав Ларин, а оваа борба на програмата е заканажна за 14.45 по македонско време.

Популарно