Фото: Елмас не го заборави својот другар

Биди силен другар… Господ е голем“ ова е пораката која Елиф Елмас му ја посвети на својот другар Еркан.

Елифи и Еркан заедно  израснале во скопската населба Бутел. Елиф игра за Наполи, а Еркан се движи со помош на инвалидска количка, но тоа не го спречува нивното другарство.Елиф Елмас го посети својот другар кој во моментов е во болница и му подари дрес.

Видео: МАЈ ДИК, МАЈ ГАРДЕН

Странец пробува да продре во мудроста на македонскиот народ преточена во изреки и поговорки. Буквално преведени на англиски јазик. Неколку едвај издржа, на “да те серат кокошките“ дигна раце.

@andrew.cook.28

LEARNING MACEDONIAN SAYINGS! ##tiktokmacedonia ##tiktokmakedonija ##macedonia ##makedonija ##skopje ##tiktokbalkan ##language ##fyp ##foryourpage

♬ original sound - andrew.cook.28

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Размислувајте однапред при носењето одлуки на деловно поле и важно е некои проекти добро да ги организирате. Со саканата личност успеавте да остварите позитивен емотивен однос и добра комуникација. Можна е вртоглавица.

БИК

Не се посветувајте на нови работни задачи денес бидејќи не ви е лесно ниту да ги завршите и оние најосновните. Потребен ви е одмор. денес ќе имате интересен разговор со симпатијата. Наскоро ве очекува средба. Проблеми со несоница.

БЛИЗНАЦИ

Состојбата на работното место не е одлична и планирате одредени промени. Може да очекувате позитивни промени во последен момент. Не покажувате интересирање кон личноста која ви се допаѓа. Ве мачат хронични проблеми.

РАК

Сѐ што ќе направите денес за вас може да биде од голема корист. Потрудете се да бидете максимално фокусирани на работата. Не сте задоволни со односот кој го имате со саканата личност и тоа ви пречи. Потребна ви е масажа.

ЛАВ

Наскоро ве очекуваат важни случувања, нови состаноци и можност за позитивни промени на работно поле. Максимално сте и посветени на саканата личност. Подготвени сте да ја вложите целата своја енергија во вашиот однос. Проблеми со кичмата.

ДЕВИЦА

Денешниот ден е многу поволен за вас. Потрудете се максимално да го искористите овој поволен период за работа. Личноста која ви се допаѓа е подготвена да ги покаже емоциите. Наскоро ќе влезете во врска. Немате здравствени проблеми.

ВАГА

Пред вас е позитивен ден во кој нема да имате поголеми проблеми и промени на деловно поле. Јасно ви е дека односот со саканата личност не ви е онаков каков што сакате да биде. Избегнувајте пороци и секакви штетни материи.

ШКОРПИЈА

Денес е поволен ден да барате нова работа ако сте невработени. Среќата ќе биде на ваша страна. Ве очекува почеток на врска во која ќе уживате. Подготвени сте да и се посветите на личноста која ви се допаѓа. Добро се чувствувате.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е ден во кој ќе имате многу важни случувања, а можеби и ќе научите нешто ново на работното место. Ќе дојде до интересно запознавање. Во вас се буди желбата повторно да влезете во врска. Не се чувствувате добро.

ЈАРЕЦ

Денес ќе имате многу среќа и ќе успеете да извршите сѐ што имате во план. Може да очекувате позитивни околности. Имате среќа кога станува збор за љубовта. Ве очекува позитивен период. Се препорачува спортување.

ВОДОЛИЈА

Доколку продолжите да вложувате максимален напор во својата работа, ќе успеете да го остварите унапредувањето кое го посакувате. Не сте задоволни од околностите на љубовно поле и очекувате нови случувања. Пад на имунитетот.

РИБИ

Искористете ја својата шанса да се посветите на работата и да ги решите проблемите кои се пред вас. Ве очекува прилика за флерт со личност која ви се допаѓа. Може да се надевате на позитивни пресврти. Болки во нозете.

Порта.мк

Популарно