Мурињо стартуваше со победа

Специјалниот“ Мурињо со победа се врати на фудбалот. Како нов менаџер на Тотенхем, тимот го совлада Вест Хем како гостин со 2:3. Можеби победата делува „тесна“, меѓутоа со исклучок на финишот, тимот на Португалецот доминираше во текот на целата средба, и имаше 0:3.

На полувремето беше 0:2 откако стрелаа Сон и Лукас. Уште од тогаш се знаеше дека Тотенхем е блиску до победа, а Кејн зголеми на 0:3. Сепак, во финишот опуштање од одбраната на европскиот вицепрвак и два гола за Вест Хем, но недоволно за пресврт. Најпрво Антонио за 1:3, а во последната секунда и Огбона за конечни 2:3.

sportmedia.mk

Кире Лазаров најави дека оди во пензија, ќе биде тренер

Кире Лазаров ќе ја игра својата последна сезона во кариерата, а по крајот на активното играње ќе остане во ракометот, но како тренер.

Тој ова го изјави во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“, не исклучувајќи ја можноста во иднина да седне на клупата на Загреб.

„Мислам дека тоа ќе биде крај, повеќе нема смисла. Ќе останам во спортот како тренер. Којзнае, можеби за десетина години ќе дојдам да седнам на клупата на Загреб, клубот кој ми даде толку многу во кариерата“, вели Лазаров за „Вечерњи Лист“.

Кога веќе играм за Нант, додаде Лазаров, ќе одговорам и на повикот на македонската репрезентација.

Извор: https://plusinfo.mk/

(Видео) Енис Барди го стресе Бетис

Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна нов погодок за Леванте во Примера. Тоа е негов четврти гол оваа сезона, прв на домашен терен.

Во 36.минута Барди доби топка од Рочина на левата страна, се ослободи од противничкиот фудбалер и со прецизен шут со левата нога ја затресе мрежата на Бетис. Леванте по првото полувреме има водство од 2-0.

Погледнете го голот на Барди:

Клубовите во Русија кријат болни од Ковид-19 за да може да се игра фудбал

Фудбалот во Русија како да не знае за корона. Повеќето клубови од Премиер лигата имаат фудбалери кои се позитивни на Ковид 19, но ФС на Русија не ни помислува на откажување на првенството.

Топката во руската Прва лига се стркала минатиот викенд и веднаш, уште при првиот меч се виде идејата за солидарност. 

Ростов на тестирањето пред продолжението на сезоната објави 5 играчи болни од коронавирус, па поради тоа цел тим мораше во изолација.

Како ривал во 23 коло, Сочи не даде согласност за одлагање на мечот, па Ростов на терен испрати младинци и загуби со 10-1.

И големите московски клубови имаат проблеми со короната. Динамо Москва и УФА пријавија дека имаат играчи од првиот тим заразени со Ковид 19.

Сепак, претседателот на ФСР, Александар Дјуков вели дека лигата ќе се заврши, а клубовите се виновни што дозволиле играчите да се заразат.

Локалните медиуми тврдат дека многу клубови кријат дека има случаи со корона во нивните редови за да не мора да испратат младинци на теренот.

Русија по бројот на дневно заболени моментно е прв во светот (6.800).

Само вчера од опасниот вирус во Русија починале 176 луѓе.

Популарно