Фото: За славната манекенка „нема “ зима

Британскиот модел Кејт Мос деновиве ужива да ужива во Мајами на Флорида во вистинското летно време. Славната 45-годишнa манекенка уживаше на плажа во удобно столче , таа беше облечена во црн едноделен костим за капење. Кејт го покажа својот затегнат тен, а покрај сончањето и капењето, Мос уживаше во дружба на пријатели.

(Фото) Маријан Стојановски славеше роденден со сопругата и ќерката

Македонскиот пејач Маријан Стојановски деновиве имаше причина за славење, а тоа беше неговиот роденден. Ова беше прв негов роденден кој го прослави како сопруг и татко на малата Вероника.

Роденденот, заради пандемијата, Маријан го прослави дома, со торта во вид на грамофонска плоча и микрофон. Пејачот на социјалните мрежи доби многу честитки од пријателите, а некои од нив му честитаа со една од неговите најпознати песни „Подарок“, која почнува со стиховите „Роденден, мала забава“.

(Фото) Тијана, Тамара, нивната мајка и децата на прошетка во парк

Тијана Дапчевиќ и Тамара Тодевска вчера беа на прошетка во градскиот парк во Скопје со нивната мајка Брана, и со децата на Тамара, Хана и Дарин.

Двете сестри на социјалните мрежи објавија неколку фотографии и видеа од семејната дружба. „Три генерации дами и едно момче“, коментираа пријателите.

(Фото) Првата дама на Македонија направи зелник

Сопругата на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, првата дама Елизабета Ѓорѓиевска вчера го посети охридското село Рамне, од каде што објави интересни фотографии.

Таму се дружеше со семејството Недановски, кое, како вели „одгледуваат се’ што може природата тука да даде, рузмаринот е во миризливи грмушки, јајцата се свежи, киселото млеко самите го прават“. 

„Традицијата е движечка сила во семејството Недановски, Наташа, Васко и нивниот дванаесетгодишен син Петар. Тие стојат зад името 'Пирустија'.

На околу илјада метри надморска височина, во Рамне, тие одгледуваат се' што може природата тука да даде, рузмаринот е во миризливи грмушки, јајцата се свежи, киселото млеко самите го прават...

Главните состојки во секое јадење се љубовта и надежта, а она што е најважно, како што вели Наташа, е задоволството и споделената енергија што им останува на крајот од денот“, напиша Ѓорѓиевска во опис на фотографиите, на коишто се гледа дека не останала рамнодушна и таа ги засукала ракавите за да направи зелник.

ТУКА можете да ги погледнете останатите фотографии.

Популарно