ФОТО: Оваа боја на коса ќе биде најмодерна во 2020-та година

Експертите тврдат дека една од најактуелните бои на коса оваа година ќе биде една необична нијанса, идеална за сите дами кои отсекогаш сакале да прејдат во таборот на русокосите, но сепак да не направат драстична промена.

Станува збор за нијанса наречена “mushroom blonde” односно руса боја со пепелави прамени која изгледа неспоредливо поинаку во однос на вообичаените руси ронови.

Ова е топла, отмена и шик нијанса која може да биде посветла или потемна во зависност од тоа што сакате, но во секој случај е совршен микс помеѓу костенливите и русите тонови.

“Mushroom blonde” го нуди најдоброто од двете бои, а вештиот фризер ќе знае точно да ја прилагоди онаа нијанса која одговара на вашиот тен.

Колку е актуелна таа, докажува и фактот што е целосен хит на популарните интернет платформи. На Пинтерест, пребарувањата за оваа нијанса пораснале за дури 308 отсто.

“Ми се допаѓа идејата да користам печурки за да опишам некоја боја за коса. Комбинацијата од овие тонови ќе ви даде прекрасен модерен изглед”, објаснил еден од најпопуларните фризери на славните дами, Џоел Варен.

ФОТО+ВИДЕО: Анастасија Ражнатовиќ објави фотографија на која не носи градник

Анастасија Ражњатовиќ се врати од одмор од Тајланд каде што беше заедно со нејзиното момче Ѓорѓе Кулјиќ. Ќерката на Цеца ги полни батериите пред нови нејзини победи, а на себе си дозволи да ужива во ноќен провод во српската престолнина.

Имено, за излегување во еден ноќен клуб, Анастасија се облече речиси во најпровокативно издание до сега. Како што можете и сами да видите, со раскопчана кошула и без градник предизвика вистинска бура на реакции на социјалните мрежи.

ФОТО: Горан важи за еден од најубавите мажи на Балканот

Филмот на Срѓан Голубовиќ „Татко“ во моментов има светска премиера на 70. Меѓународен филмски фестивал во Берлин. Филмот за човекот на кој Центарот за социјална работа му ги одземало децата ќе биде отворен од овогодинешниот Фест на 28 февруари.

Главниот актер на филмот, Горан Богдан на Инстаграм објавил фотографија од црвениот тепих во Берлин.

Богдан на оваа престижна манифестација се појавил во црно одело кое го потполнил со црна машна и елек во иста боја и бела кошула.

ФОТО: Елена Велевска ги покажа бујните гради и не остави никој рамнодушен

Македонската пејачка Еелена Велевска на социјалните мрежи објави секси фотографија на која никој не остана имун.

Таа позира само по градник, а нејзините бујни гради се во прв план. Велевска важи за една од најзгодните жени на македонската естрада, а оваа фотографија го потврдува истот.

Популарно