Таа објави фотографија на која не носи градник

Анастасија Ражњатовиќ се врати од одмор од Тајланд каде што беше заедно со нејзиното момче Ѓорѓе Кулјиќ.

Ќерката на Цеца ги полни батериите пред нови нејзини победи, а на себе си дозволи да ужива во ноќен провод во српската престолнина.

Имено, за излегување во еден ноќен клуб, Анастасија се облече речиси во најпровокативно издание до сега.

Како што можете и сами да видите, со раскопчана кошула и без градник предизвика вистинска бура на реакции на социјалните мрежи.

Ученик од основно образование добил милиони во обложувалница, а тоа што го направил неговиот татко ќе ве остави без зборови

Експертите предупредуваат дека процентот на возрасните луѓе кои што се коцкаат е многу гoлем, а нималку подобра не е ситуацијата помеѓу средношколците затоа што секој трет секојдневно се обложува.

Меѓу оние кои својата среќа се обиделе да ја пробаат во обложувалница има и основци, а за тоа сведочи и примерот кој го раскажал дефектолог и основач на Советувалиштето Ентера, а чиј главен актер било момче кое добило огромна сума пари во обложувалница.

„Ми се јави таткото чиј син, инаку ученик во основно училиште, добил добивка од максимален износ кој што може да се добие на еден тикет. Стануваше збор за неколку милиони денари. Ме праша што да прави. Чувствувал дека е неморално да ги подигне парите затоа што сметал дека на тој начин на синот ќе му испрати погрешна порака. Стравуваше дека неговиот син би можел да помисли дека од коцкањето може да се живее. Му кажав да ги подигне парите и да ги даде во добротворни цели. Така и направи. Потоа ми се јави истиот тој човек и ми кажа дека повеќе не оди во обложувалница“ – раскажал дефектологот.

Кирк Даглас го оставил целото богатство од 60 милиони долари во добротворни цели

Актерот Кирк Даглас, кој го напушти овој свет на 5 февруари, наводно, го оставил целото богатство од 60 милиони долари во добротворни цели. Според „Мирор“, Кирк не оставил му оставил пари на својот син Мајкл, кој „тежи“ околу 300 милиони долари.

Кирк, кој беше познат по добротворните придонеси во текот на целиот живот, им оставил пари на неколку корисници. Вкупно 50 милиони долари ќе бидат донирани преку фондацијата „Даглас“, која Кирк ја основаа со неговата сопруга Ана.

Според „Мирор“, меѓу корисниците на парите на Кирк се: универзитет „Св Лоренс“, храмот Синај во Лос Анџелес, театар „Кирк Даглас“ и детска болница во Лос Анџелес.

Пред да го напушти овој свет, Кирк и Ана веќе беа во процес на правење повеќе дарежливи донации.

Ана, е негова втора сопруга, и со неа има тројца од неговите четири сина: Мајкл, Џоел и Питер.

Популарно