ВИДЕО: Луѓето „полудеа“ по трикот кој поправа расипан патент

Сигурно барем еднаш во животот ви се случило да ви се скине патентот на некое парче облека кое многу го сакате.

Мора да се согласиме дека не е толку лесно да го поправиме... Но, овој трик може да ви ги “скати маките“ доколку ви се случи тоа.

Сè што ви е потребно е виљушкa и 10 секунди...

Прво од патентот треба да го извадите металниот дел од механизмот, да го ставите на виљушка (баш како што е прикажано на видеото) и тоа да го вовлечете на надворешниот дел од вашата облека.

Од овој трик воодушевен е и актерот Рајан Рејнолс кој на Твитер го постави видеото со кометар: „Ова го чекам цел живот“.

Погледнете го видеото:

ФОТО: Еден погрешен чекор покажа што носи под фустанот

Албанската пејачка направи голема грешка со фустанот кој го облекла, а папараците подготвено ја дочекаа. Рита Ора никогаш не ја криела наклонетоста кон провокативната облека, но вчера направи грешка.

Пејачката, имено, се појавила на една прослава во Лондон, а за таа прилика одбрала огнено црвен фустан со длабоко деколте и со уште подлабок шлиц на нозете. Сето тоа го искомбинирала со црвен детаљ на главата, но ниту тој не го одвлекол вниманието од тоа што се случило.

Секој чекор бил ризичен за пејачката во овој фустан и на крајот и се случило неизбежното, па еден незгоден чекор покажал што крие Рита Ора под фустанот.

(Фото) Јована Јеремиќ ослабе за само една недела, ова е нејзината тајна

Водителката Јована Јеремиќ, која наскоро ќе се проба себеси и како актерка, вели за себе дека е вистинска мачка откако ослабела, а вишокот килограми го отстранила со помош на нутриционист, на кого му се обратила штом видела дека качила килограми.

-Се грижам за тоа што јадам. Сфатив дека ако јадам што сакам, ќе изгледам како гардеробер со три врати. Но, во последните три месеци се здебелив, што не се гледа на телевизија, но свесна сум за тоа, бидејќи секое утро се мерам на вага. Затоа веднаш почнав да јадам по совет на нутриционистот и за една недела го изгубив вишокот! Сега треба само да ја одржувам тежината, изјави Јована Јеремиќ, која вели дека претходно имала вишок килограми, но дека на мажите тоа не им пречело.

-Како девојка имав 58 килограми. Отсекогаш сум била привлечна за мажите. Кога учев, тие реагираа на мене, иако никогаш не бев средена. Во тој период најмногу вложив во своето знаење и не ми беше важно како изгледам. Меѓутоа, кога завршив четврта година на Правниот факултет, сфатив во каков свет живееме. Ако сакам да направам нешто, морам да станам мачка, изјави Јована, водителка на Пинк.

(Фото) Сталоне и Шварценегер ги воодушевија обожавателите

Холивудските актерски легенди, Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне ги израдуваа обожаватели со фотографија на која позираат заедно.

-Роки и Терминатор, објавија на Инстаграм фотографија ја која подготвуваат тикви за Ноќ на вештерките.

-Јас и мојот пријател Арнолд поминуваме заедничко време во неговата неверојатна канцеларија резбајќи тикви со ножеви за преживување. Тоа е она што вистинските акциони момци го прават го своето слободно време, порача Сталоне.

Нивните легендарни филмски ликови се појавија заедно со филмовите „The Expendables“ и „Escape Plan“.

Популарно