(Фото) Викторија Бекам во ТВ-интервју ги изненади гледачите со својот изглед

Поранешната „спајсица“ го привлече вниманието со настапот во емисијата „Добро утро, Америка“, но не со она што го кажа, туку со својот изглед.

Викторија Бекам (47) очигледно претерала со користење филери за усни и нејзиното лице изгледа непрепознатливо, пишуваат таблоидите.

„Изгледа како да има алергиска реакција“, „Што си направила со усните“, „Што ти се случило со лицето?“…, беа некои од многуте негативни коментари на социјалните мрежи.

А таблоидите беа многу поостри во своите коментари објавувајќи нејзини фотографии од блиско минато. „Викторија Бекам шокира многу гледачи со настапот во Good Morning America, но не со нејзините изјави – туку со нејзиниот изглед“.

Во емисијата модната дизајнерка говореше за совети за убавина, за „Спајс грлс“ и за нејзиното семејство, но многумина не можеа да го тргнат погледот од нејзиното лице.

Викторија очигледно го зголемила волуменот на усните, но се чини дека навистина претерала со филери.

(Фото) Славниот брачен пар откри бизарен детал од своето купатило - се појави и фотографија

Пејачката Меган Трејнор и нејзиниот сопруг, актерот Дерил Сабара недамна ја шокираа јавноста кога открија дека во домот имаат две веце школки и тоа една покрај друга.

Имено, оваа информаци ја откри братот на пејачката кој во емисијата во која еден од водителите низ шега рекол: „Ти и твојот сопруг сте чудаци, вршите нужда еден покрај друг“.

Меган тоа го потврдила и опишала како се случило да зградат две веце школки без никаква преграда.

„Да, штотуку се преселивме во нова куќа, направивме реновирање. Никој ова не го знае, но во тоа купатило имаше само една веце школка. Често среде ноќ кога сме будни поради бебето сакаме да одиме да уринираме, и потоа помисливме, зошто да не заштедиме време? Ставивме две веце школку една покрај друга“, призна пејачката.

Пејачката во емисија покажа и како всушност изгледа нивниот тоалет.

(Фото) Прва фотографија од втората ќеркичка на готвачот Никола Мишковски

Еде од најпознатите готвачи во земјава, Никола Мишковски со една фотографија ги разнежни своите фанови. Никола и неговата сопруга Стефанија пред 4 месеци го добија своето второ дете.

Ова е трето дете за Никола, кој од првиот брак има син. Стефанија сега сподели прва фотографија од четиримесечната ќерка и постарата ќеркичка Дарија.

Погледнете на кого личат ќеркичките:

Популарно