Почина легендарниот Бора Станковиќ!

Легендарниот кошаркар и кошаркарски функционер си замина од овој свет на 94-годишна возраст. Беше роден во Бихаќ, денешна БиХ во 1925 година, како млад се доселил во Нови Сад, а по Втората светска војна и во Белград. Како играч настапувал за Црвена Звезда, Железничар и Партизан во периодот од 1946 до 1953 година, а пред крајот на играчката кариера, паралелно почнал да работи и како тренер на „црно-белите“. Со таа работа се занимаваше до 1970 година, водејќи ги ОКК Београд и Канту.

Сепак, Борислав Станковиќ остана најзапаметен по вршењето на функцијата генерален секретар на ФИБА, во периодот од 1976 до 2003 година. Во овој период кошарката доживеала огромна експанзија и станала еден од најпопуларните спортови во светот. Негова е идејата на Олимписките игри да настапуваат и професионалците од НБА лигата што и се оствари првпат во Барселона 1992 година.

Во неговата ера во кошарката е воведен шутот за три поени, терените добија нови димензии, а пред крајот на неговата функција, натпреварите место во две полувремиња, почнаа да се играат во четири четвртини.

Во 1991 година Станковиќ беше примен во кошаркарската Куќа на славни, во 2000 година во женската кошаркарска куќа на славни, а во 2007 во Куќата на славните на ФИБА.

Видео: Ова е вистински рибар !

ЗСР „БАБУНА“ - Велес на својот  ФБ профил објави:

„Утрово од страна на нашиот член и натпреварувач во крапска лига на Zsr Babuna Veles ,Борче Тодоровски, изваден е амур со тежина од 23кг. Истиот амур е вратен назад и повторно плива во водите на Велешко Езеро.

Ова е само показател од младите и надежни спортски риболовци, како треба да се однесуваме со уловените капитални примероци, за во иднина да имаме води богати со вака убави риби.

Нека ова воедно биде пример за сите оние кои што мислат дека секоја риба треба да заврши на трпеза или во рибарска продавница.

Браво Борче и ти посакуваме многу вакви риби во понатамошните денови на вода.“

Кире Лазаров најави дека оди во пензија, ќе биде тренер

Кире Лазаров ќе ја игра својата последна сезона во кариерата, а по крајот на активното играње ќе остане во ракометот, но како тренер.

Тој ова го изјави во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“, не исклучувајќи ја можноста во иднина да седне на клупата на Загреб.

„Мислам дека тоа ќе биде крај, повеќе нема смисла. Ќе останам во спортот како тренер. Којзнае, можеби за десетина години ќе дојдам да седнам на клупата на Загреб, клубот кој ми даде толку многу во кариерата“, вели Лазаров за „Вечерњи Лист“.

Кога веќе играм за Нант, додаде Лазаров, ќе одговорам и на повикот на македонската репрезентација.

Извор: https://plusinfo.mk/

(Видео) Енис Барди го стресе Бетис

Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна нов погодок за Леванте во Примера. Тоа е негов четврти гол оваа сезона, прв на домашен терен.

Во 36.минута Барди доби топка од Рочина на левата страна, се ослободи од противничкиот фудбалер и со прецизен шут со левата нога ја затресе мрежата на Бетис. Леванте по првото полувреме има водство од 2-0.

Погледнете го голот на Барди:

Популарно