Хоророт во Италија продолжува: Паоло Малдини и Даниеле Малдини имаат коронавирус

Милано е едно од главните жаришта во Италија кога се говори за коронавирусот, а од таборот на еден од калчолигашите од градот, Милан, соопштија дека клупската легенда Паоло Малдини е позитивен на вирусот.

Техничкиот директор на „росонерите“ бил во контакт со личност која подоцна покажала симптоми на коронавирус. По тој момент, Малдини бил испратен на тестирање, а неговите тестови за Ковид-19 биле позитивни.

Исто така од коронавирус боледува и неговиот син Даниел кој претходно тренираше со првиот тим. Паоло и Даниел минале две недели во домашна самоизолација, а ќе продолжи нивната рехабилитација додека не се утврди дека се комплетно здрави.

Видео: Ова е вистински рибар !

ЗСР „БАБУНА“ - Велес на својот  ФБ профил објави:

„Утрово од страна на нашиот член и натпреварувач во крапска лига на Zsr Babuna Veles ,Борче Тодоровски, изваден е амур со тежина од 23кг. Истиот амур е вратен назад и повторно плива во водите на Велешко Езеро.

Ова е само показател од младите и надежни спортски риболовци, како треба да се однесуваме со уловените капитални примероци, за во иднина да имаме води богати со вака убави риби.

Нека ова воедно биде пример за сите оние кои што мислат дека секоја риба треба да заврши на трпеза или во рибарска продавница.

Браво Борче и ти посакуваме многу вакви риби во понатамошните денови на вода.“

Кире Лазаров најави дека оди во пензија, ќе биде тренер

Кире Лазаров ќе ја игра својата последна сезона во кариерата, а по крајот на активното играње ќе остане во ракометот, но како тренер.

Тој ова го изјави во интервју за хрватскиот весник „Вечерњи лист“, не исклучувајќи ја можноста во иднина да седне на клупата на Загреб.

„Мислам дека тоа ќе биде крај, повеќе нема смисла. Ќе останам во спортот како тренер. Којзнае, можеби за десетина години ќе дојдам да седнам на клупата на Загреб, клубот кој ми даде толку многу во кариерата“, вели Лазаров за „Вечерњи Лист“.

Кога веќе играм за Нант, додаде Лазаров, ќе одговорам и на повикот на македонската репрезентација.

Извор: https://plusinfo.mk/

(Видео) Енис Барди го стресе Бетис

Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна нов погодок за Леванте во Примера. Тоа е негов четврти гол оваа сезона, прв на домашен терен.

Во 36.минута Барди доби топка од Рочина на левата страна, се ослободи од противничкиот фудбалер и со прецизен шут со левата нога ја затресе мрежата на Бетис. Леванте по првото полувреме има водство од 2-0.

Погледнете го голот на Барди:

Популарно