(ФОТО) Академија ФМП со порака до сите вас: "Останете дома"

Цел спортски свет е вклучен во борбата против корона вирусот кој целосно ја парализира оваа гранка од јавниот живот.

Во кампањата се вклучи и македонскиот прволигаш Академија ФМП, односно неговите кошаркари и стручниот штаб кои преку социјалните мрежи, на повеќе јазици, порачаа – СЕДЕТЕ ДОМА!

Фудбалер почина од коронавирусот, претходно му починаа и татко му и вујко му

Боливискиот фудбалер Роман Гузман, почина на 26-годишна возраст како последица од коронавирусот и тоа откако неколку недели помина во болница.

Гузман настапуваше за боливискиот второлигаш универзитетскиот тим на Тринидад од Бени, градот кој е најзагрозен од пандемијата на коронавирусот во оваа јужноамериканска држава.

Претходно од коронавирус починаа и неговиот татко Белизарио Роман и неговиот вујко Луис Кармело Роман, а сите тие живееја во иста куќа.

Гузман е поранешен младински репрезентативец на Боливија и има настапувано и за шампионот на оваа држава, Национал Потоси.

Романтичарите“ негативни на COVID-19

Утринава пристигнаа резултатите од вчерашното тестирање на фудбалерите на прволигашот Работнички кои се негативни за сите.

Дебармаалски Работнички од денеска може слободно да им се посвети на враќањето на фудбалските активности. Тестовите за коронавирусот направени во текот на вчерашниот ден под покровителство на Синдикатот на фудбалери на Македонија даде негативни резултати за сите тестирани.

Не беа тестирани единствено тренерот Ратко Достаниќ и централниот дефанзивец Драшко Ѓорѓевиќ кои се наоѓаат во родната Србија и поради затворените граници сѐ уште не се пристигнати, но тоа се очекува да го направат во првата прилика штом границите се отворат.

Од СФМ најавуваат дека денеска мобилна екипа на „Аџибадем Систина“ ќе изврши тестирање и во таборот на тамошните прволигаши Ренова и Шкендија.

Синоќа тестирани беа и фудбалерите и стручниот штаб на второлигашот Брегалница чии резултати се очекуваат во текот на денешниот ден. Штипските „Сини“ мораа да се тестираат иако сезоната во Втората лига Исток дефинитивно нема да се доигра, но како полуфиналисти во Купот на Македонија тие сепак во јуни ќе ја тркалаат топката барем на еден натпревар.

Претходно тестирани беа Академија Пандев и Борец и таму сите тестови се негативни.

(ФОТО) Се продава мобилен број со датумот за гордост на секој звездаш

За секој навивач на белградска Црвена Звезда, датумот 29 мај 1991 година е момент за најголема радост, за гордост, а за најлудите и – куќна слава. Утре се одбележуваат 29 години од историсиот успех за фудбалот на овие простори, во кој значајна улога играа и двајца Македонци, но во Србија за овој датум за паметење некој сака и – добро да заработи.

Верувале или не, на еден сајт „купувам-продавам“ се продава број со датумот што е гордост на секој звездаш. Непознат огласувач го продава 29-5-1991 со префикс 065 за неверојатни – 5.000 евра.

„Овој број никогаш не се заборава, како и датумот од нашиот најголем клупски успех во историјата. Овој број ќе се продава и ќе го купи само тој што ја знае неговата вредност и кој ќе успее да ја препознае големината и суштината, а секако тој што има пари, зашто цената е фиксна од причина поради тоа што бројот е од непроценлива вредност“, стои во објаснувањето за продажбата на телефонскиот број.

Популарно